Промовирани огласи »

ПР стратегијата – тајното оружје на успешните компании

Добриот имиџ не е случајност: Зошто ви е потребна ПР стратегија?

Во динамичниот бизнис свет, успехот не зависи само од добриот производ или услуга. Начинот на кој компанијата комуницира со јавноста, партнерите и клиентите е исто толку важен. Токму тука ПР стратегијата станува тајното оружје кое прави разлика меѓу просечна и навистина успешна компанија.

Клучни факти зошто ПР стратегијата е неопходна:

  • Градење доверба и кредибилитет

Добро осмислената ПР стратегија создава позитивен имиџ и ја зајакнува довербата кај јавноста.

  • Контрола врз наративот

Со ПР компанијата има можност самата да ја обликува својата приказна, наместо да дозволи другите да го прават тоа.

  • Подобра видливост на брендот

ПР стратегијата овозможува континуирано присуство во медиумите и на социјалните мрежи, што ја зголемува препознатливоста.

  • Ефикасно справување со кризи

Компаниите со силна ПР стратегија побрзо и поефикасно се справуваат со негативни ситуации.

  • Поддршка на продажбата и маркетингот

ПР комуникацијата ја надополнува маркетинг стратегијата и придонесува за полесно донесување одлука кај клиентите.

  • Јакнење на односите со јавноста и заедницата

ПР активностите помагаат компанијата да покаже општествена одговорност и да создаде подобра поврзаност со заедницата.

ПР стратегијата не е трошок, туку инвестиција која се враќа повеќекратно. Компаниите што вложуваат во професионална и доследна комуникација, создаваат стабилна основа за доверба, репутација и долгорочен успех.

Прочитајте и за: Канцеларија или дневна соба – каде се работи поефикасно?

Тагови: HR совети за работа ПР стратегија

Промовирани огласи »

Колку пари може да се внесат и изнесат преку граница?

Ова мора да го знаете

Колку девизи може по човек да се внесе во Македонија?

Резидентите можат слободно да внесат ефективни странски пари до 10.000 евра и до 120.000 денари по лице. За износ над 10.000 евра задолжително се пријавува на царинскиот орган. Истото важи и за нерезидентите – до 10.000 евра и 120.000 денари може без пријава, а за над тој износ мора пријава и се издава писмена потврда од царината.

Дали мора да се има потврда од менувачница за изнесување 2.500 евра од Македонија?

При изнесување на средства, резидентите можат слободно да изнесат до 2.000 евра и до 120.000 денари по лице. За износ над 2.000 евра е задолжително пријавување на царинскиот орган и приложување потврда од овластена банка или менувачница. Изнесување над 10.000 евра е забрането.

Оттука, ако сакате да изнесете 2.500 евра од Република Македонија, потребно е на царинскиот орган да му приложите потврда од овластена банка или менувачница

Тагови: пари царина

Промовирани огласи »

Европејците сакаат да работат од далечина, но не се согласуваат со намалување на платата

Европејците сакаат да работат од далечина

Резултатите од најновото истражување на Европска централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека поголемиот број работници во еврозоната не се подготвени да прифатат помала плата за да ја задржат можноста да работат од дома.

Анкетата покажува дека вработените за два или три дена работа од дома би прифатиле просечно намалување на платата за 2,6 процентите. Додека 13 отсто од испитаниците би прифатиле од еден до пет отсто намалување на платата, додека само осум проценти изјавиле дека се согласни за намалување на платата од шест до 10 отсто.

Тагови: Европската централна банка работа

Промовирани огласи »

Зорана Антовска – младата академска инспирација што гради мост меѓу универзитетот и општеството

Од најдобар студент до инспирација за младите – интервју со Зорана Антовска

Која е Зорана Антовска, кажи ни нешто повеќе за себе? 

Зорана Антовска е демонстратор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, на катедрата по политички науки. Таа е магистер во областа на меѓународни односи, европски интеграции и дипломатија, со ангажман на предметите поврзани со воведните теоретски политички науки.За мене, голема чест и потврда дека сум на вистинскиот пат беше тоа што бев прогласена за најдобар дипломиран студент на Правниот факултет при УКИМ за академската 2021/2022 година, а дополнително ја добив и наградата „26 Јули“. Овие признанија не ги гледам само како награда за трудот и посветеноста, туку и како силна мотивација да продолжам да се развивам и да вложувам во мојата академска кариера.

Што ве мотивира да работите во академијата и зошто ја избравте токму катедрата за политички науки?  

Велат дека добар учител е оној кој настојува неговите ученици да бидат подобри од него. Мојата мотивација да работам во академијата произлезе пред сè од хуманоста на самата професија – сопственото знаење да го пренесуваш и оставаш на идните генерации. Имав среќа да бидам опкружена со професори кои ми беа вистински пример и инспирација. Дополнително, политичките науки ги споија сите мои пасии: интересот за општествените промени и политиката, љубопитноста кон филозофијата, пишувањето, правото и историјата. Иако тоа е предизвикувачка задача, за мене претставува и особено задоволство – да се внесе надеж и да се отвори нова перспектива пред новите генерации студенти и млади луѓе. 

На кои теми најмногу се фокусирате во вашите истражувања и како тие се поврзуваат со потребите на современото општество?  

Моите истражувања се фокусираат на односот меѓу политичките актери, медиумите и комуникаторите, особено во услови на политички конфликти и кризни ситуации. Ме интересира како медиумите – кои традиционално се замислени како ‘четврта власт’ и коректив на институциите – во македонскиот контекст сè почесто функционираат како огледало на партиските наративи. Преку анализа на медиумското врамување и институционалната ПР-комуникација, настојувам да покажам како јавната перцепција се обликува и како тоа влијае врз динамиката на конфликтите, и на национално и на меѓународно ниво. Ова истражување е релевантно затоа што открива дека комуникацијата може да придонесе или за дијалог и стабилност, или за дополнителна поларизација. Верувам дека токму ваквото разбирање на комуникацијата како клучен фактор е предуслов за градење на демократски култури, долгорочен мир и успешна интеграција на Македонија во европските и глобалните процеси. 

Кој е најголемиот предизвик со кој сте се соочиле како млад академски кадар и како го надминавте?  

Еден од најголемите предизвици со кои се соочив како млад академски кадар беше ограничената литературна инфраструктура – недостигот на пристап до поширок спектар на извори и компаративни анализи кои овозможуваат вкрстување на политичките науки со други дисциплини, особено од методолошки аспект. Ова го прави процесот на истражување посложен, но во исто време и поттикнувачки за да се бараат алтернативни патишта и да се создаваат сопствени аналитички модели. 

Вториот предизвик, можеби уште посензитивен, е прифаќањето од студентите. На почетокот секогаш постои ризик да бидеш перцепиран како наметнат авторитет, наместо како партнер во процесот на учење. Јас го надминав тоа преку отворен пристап, интерактивна комуникација и градење доверба со студентите – на тој начин предавањата не беа само формален пренос на знаење, туку простор за дијалог и критичко размислување. 

Каков пристап применувате во наставата за да ги мотивирате студентите кон критичко размислување и активно учество? 

Сметам дека студентите најмногу напредуваат кога увидуваат дека она што го изучуваат не е апстрактна теорија, туку знаење што може да се преточи во практика. Затоа настојувам да користам вежби и примери кои го поврзуваат теоретското со реалните општествени и политички процеси. Дополнително, настојувам да претставам различни мислења и теоретски школи, со што им отворам нови перспективи за критичко согледување на литературата. Просторот за дискусија го сметам за особено важен бидејќи токму преку дебата студентите го развиваат критичкото размислување и наоѓаат мотивација за активно учество, дури и во време на општествена апатија. 

Како ги поврзувате научните истражувања со практичната примена, особено во областа на политичките науки и јавната политика, и како ја гледате нивната улога во Македонија денес ? 

Верувам дека во академијата е неопходно да се работи на повеќе различни теми и истражувања за да се развие интердисциплинарен пристап кој нуди подлабоко разбирање на општествените процеси. Моите анализи често се потпираат на теории како теоријата на врамување и теоријата на медиумска зависност, кои не ги гледам само како аналитички рамки, туку и како практични алатки за објаснување на тоа како медиумите и институциите ја обликуваат јавната перцепција. Овој пристап е особено значаен во контекст на билатерални спорови и европски интеграции, каде стратегиската комуникација може да поттикне дијалог и да намали поларизација. Политичките науки во Македонија, според мене, треба да ја имаат токму таа улога – да обезбедат аналитичка основа за јавните политики и да придонесат кон поактивно и критички информирано граѓанско општество. 

Што за вас значи да се биде мост меѓу универзитетот и пошироката јавност?  

Да се биде мост меѓу универзитетот и пошироката јавност за мене значи знаењето да не остане затворено во академските ѕидови, туку да се преточи во практични придобивки за општеството. Тоа подразбира активно вклучување во соработка со невладиниот сектор, истражувачка дејност што ја следи динамиката на политичките и општествените процеси, како и работа со млади на терен – за да се препознаат реалните потреби на граѓаните, а не партиските индикации. 

Во оваа улога, академијата има одговорност да ја издигне перцепцијата за науката – да ја прикаже како алатка за критичко размислување, за информирана јавна дебата и за креирање политики засновани на докази. Истовремено, тоа значи и да се гради доверба во институциите преку транспарентност, да се негува култура на дијалог, и да се овозможи младите генерации да се чувствуваат вклучени и слушнати. Верувам дека токму оваа врска меѓу универзитетот и општеството е клучна за зајакнување на демократските процеси и за создавање активни, одговорни и свесни граѓани. 

Каде се гледате себеси за 5 години во академијата и надвор од неа? 

Се гледам во академијата, бидејќи верувам дека тоа е просторот каде што можам најмногу да придонесам. Сепак, свесна сум дека иднината не секогаш зависи само од личната посветеност, туку и од тоа колку општеството знае да ги препознае и поддржи младите таленти. Затоа, за мене најважно е да останам истрајна, а каде и да бидам за пет години - да продолжам да го преточувам знаењето во општествена вредност. 

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »