Промовирани огласи »

Како да се ослободите од болки во грбот

Болките во грбот се една од најчестите здравствени тегоби на денешницата

Болките во грбот се една од најчестите здравствени тегоби на денешницата. Долгото седење, стресот и недоволната физичка активност често придонесуваат за појава на болка. Наместо веднаш да посегнеш по лекови, постојат и природни начини кои можат да помогнат да се намали непријатноста.

Вежби за истегнување и јакнење

Редовното истегнување и лесните вежби за грб ги зајакнуваат мускулите и ја намалуваат болката. Дури и кратко дневно движење може да направи голема разлика.

Топли или ладни облоги

Примена на топли или ладни облоги на болното место може да ја ублажи болката и да ја намали кочанетоста на мускулите.

Правилно држење на телото

Секојдневно внимавај на држењето – правилната положба при седење и стоење го намалува притисокот врз 'рбетот и спречува дополнителна болка.

Масажа и релаксација

Нежната масажа може да го подобри протокот на крв и да ги опушти напнатите мускули, што води кон намалување на болката.

Здрави навики

Одржување на здрава телесна тежина, доволно сон и намалување на стресот се клучни за превенција на болки во грбот.

Болките во грбот можат значително да го намалат квалитетот на живот, но со мали промени во секојдневието и примената на природни методи, често може да се почувствува големо олеснување. Ако болката трае подолго време, задолжително консултирај се со лекар.

Тагови: вежбање здрава храна болка во грбот

Промовирани огласи »

Успешно реализирана работилницата The Resilient Workplace: Implementing Security Strategies in an Uncertain Job Market во организација на KARIERA.mk

Успешно реализирана работилницата The Resilient Workplace која се одржа на 25-ти септември во Holiday Inn

KARIERA.mk со големо задоволство успешно ја заврши интерактивната работилница The Resilient Workplace со Наталија Федорова експерт за упраавување со кризи, која се одржа на 25-ти септември во хотелот Holiday Inn.

Учесниците имаа можност да:

  • Научат како ISO 27001 може да се користи како стратегиска алатка за човечката и техничката димензија на безбедноста
  • Разберат зошто HR и IT мора да бидат партнери во кризни ситуации
  • Вежбаа сценарија за справување со безбедносни инциденти и реални ризици
  • Откријат техники за развој на психолошка отпорност и тимска стабилност
  • Осмислат култура на доверба, одговорност и заштита на податоци

Атмосферата беше динамична и практична – преку студии на случај, дискусии и интерактивни задачи, учесниците стекнаа алатки за да изградат функционални тимови и системи кои знаат како да реагираат под притисок.

Благодарност до Наталија за инспиративното предавање и практичните совети, како и до компаниите кои испратија свои тимови на работилницата: Flex Credit, UNIJA SMART ACCOUNTING, Lear Corporation, HALK OSIGURUVANJE, AMSM, Amphenol Technology Macedonia, HTL MACEDONIA, ASEE, EUROINS INSURANCE, Kessler Macedonia, A1 Macedonia, Quipu.

Благодарност и до нашите генарални спонзори Motivi Employments и Pikasa Analytics за неизмерната поддршка.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Промовирани огласи »

Вработување во Халкбанк, Алкалоид и Магна!

Огласи за работа во Халкбанк, Алкалоид и Магна!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Магна Интернешнл Инк. е водечки глобален автомобилски добавувач посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. 

Моментално вработува:

ИТ РЕВИЗОР

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија да ги најдете ТУКА.

Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки. 

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
ИНЖЕНЕР ЗА КВАЛИТЕТ
CUSTOMER SERVICE ОПЕРАТОР

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. 

Моментално вработува:

АРХИТЕКТ- ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНО УРЕДУВАЊЕ
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови. 

Моментално вработува:

ДИГАЛКАР
ИНЖЕНЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи. 

Моментално вработува:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК ЗА РЕГИОНОТ НА СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди. 

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ТБМ Гроуп е меѓу водечките европски компании кои организираат тематски бизнис конференции. 

Моментално вработува:

SALES EXECUTIVE

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. 

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Како да ја препознаете вистинската понуда за работа за вас?

На што да внимавате кога избирате меѓу повеќе работни понуди

Денес, кога пазарот на труд е преполн со различни можности, не е доволно само да добиете работа – важно е да ја изберете вистинската работа за вас. На прв поглед, повеќето огласи изгледаат привлечни – добра плата, стабилна компанија, можности за раст. Но како да знаете дали понудата е навистина вистинската?

1. Усогласеност со вашите вредности

Работното место не е само плата. Прашајте се: дали компанијата ги дели вашите вредности? Дали начинот на кој функционира се совпаѓа со вашата визија за професионален и личен развој?

2. Плата и бенефиции

Иако не е единствениот фактор, финансиската компензација мора да одговара на вашите потреби и искуство. Дополнителните бенефиции (здравствено осигурување, флексибилно работно време, обуки) можат да направат голема разлика.

3. Можности за развој

Вистинската работа не е само сегашна удобност, туку и иднина. Дали компанијата инвестира во обука и развој? Дали има јасен пат за напредување?

4. Баланс меѓу работа и приватен живот

Работа што бара постојана достапност може брзо да доведе до исцрпеност. Вистинската понуда е онаа што ви овозможува да имате и професионален успех и приватна хармонија.

5. Интуиција

Понекогаш, најсилниот сигнал е вашиот внатрешен глас. Ако нешто „не ви чини“ уште на интервјуто или од начинот на кој компанијата комуницира со вас – доверете му се на тој сигнал.

Вистинската понуда за работа е онаа што не само што ви носи стабилност и добар приход, туку и ве исполнува, ве мотивира и ве поддржува да растете. Не брзајте – проценете ја секоја можност внимателно и изберете пат што долгорочно ќе ве прави среќни.

Причитајте и за: Зошто огласите „без искуство“ често имаат скриени барања?

Тагови: HR нова работа совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »