Промовирани огласи »

Заедницата на говорители на италијански јазик во Transcom расте – стани дел од туристичката индустрија!

Италијанскиот јазик ти носи кариера од соништата – еве како!

Италијанскиот јазик има посебно место во Transcom Македонија. Нашите колеги кои го зборуваат доаѓаат од различни средини, но имаат едно заедничко нешто – љубовта кон италијанскиот јазик и култура. Тие се дел од една посебна заедница која не само што помага на корисници ширум светот, туку исто така и поттикнува меѓусебна интерна поддршка и гради пријателства кои траат долго. Без разлика дали преку обуки, за време на работни денови или неформални дружби, нашата италијанска заедница се шири и станува сè посилна.

Бонус за препораки – Заработете бонус и работете со луѓе што ги познавате

Нашата Програма за препораки се покажа како еден од најдобрите начини за проширување на тимот на говорители на италијанскиот јазик. Кога некој од нашите колеги ќе препорача пријател кој зборува италијански јазик и тој ќе ја добие работата, колегата кој ја дал препораката добива парична награда во износ од 200 евра. Но, тоа што е уште поважно – тимот се збогатува со колеги кои веќе се познаваат и си веруваат едни на други.

Само оваа година, повеќе од 40 нови колеги се придружија на Transcom преку Програмата за препораки. Ова ни значи многу бидејќи покажува дека нашите вработени веруваат во Transcom како компанија и сакаат да им препорачаат на своите пријатели или познаници да работат со нас. Наши најдобри амбасадори се токму луѓето кои веќе работат тука“, рече Магдалена Пешовска, Talent Acquisition Partner во Transcom.

Таа додаде и дека препораките придонесуваат за создавање на уште подобра атмосфера во тимот: „Кога ќе дојдеш на работа некаде каде што веќе познаваш некого, многу е полесно да се снајдеш и да се чувствуваш добредојден. Ова прави разлика во првите неколку недели, но и подоцна, бидејќи тимските односи со текот на времето на овој начин стануваат сè посилни и поприродни. “

Отворена позиција за советник за патувања што зборува италијански јазик

Во Transcom Македонија има сè поголем број на луѓе кои зборуваат италијански јазик. Моментално регрутираме за исклучително интересен проект во областа на туризмот - работа со патници на еден од најголемите светски туроператори. Тоа е одлична можност да се користи италијанскиот јазик секојдневно, да се стекне искуство во една растечка индустрија но и да се стекне меѓународно искуство.

Што нудиме

  • Платена обука и поддршка од првиот ден
  • Можност за работа од дома по 3 недели обука во Скопје
  • Можност за работа на полно или скратено работно време
  • Конкурентна плата и бонуси за перформанси
  • Приватно здравствено осигурување
  • Награди преку програма за препораки на пријатели
  • Бесконечни можности за учење, обука и дружење

Зошто да аплицираш?

Покрај одличните услови, во Transcom стануваш дел од тим каде што не си сам. Бидејќи добро знаеме колку е важно да имаш поддршка од првиот ден - нашиот искусен менаџмент тим стои зад тебе со својата континуирана поддршка за време на обуката но и понатаму, при секојдневната работа и комуникација.

Доколку италијанскиот јазик е твој силен адут и сакаш да го користиш секој ден, ова е вистинската можност за тебе.

Аплицирај тука и стани дел од нашиот тим!

Тагови: Transcom Macedonia

Промовирани огласи »

Започнува кампањата „Катастар до тебе“ – Агенцијата за катастар поблиска до граѓаните

Задолжителни соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции, предвидува законот.

Агенцијата за катастар на недвижности започнува со нова кампања под наслов „Катастар до тебе“.

Првата промоција ќе се одржи во четврток, 18 септември 2025 година, од 16 до 19 часот во Општина Аеродром.

Целта на кампањата е институцијата да се доближи до граѓаните преку директна комуникација, отвореност и транспарентност. На овој начин, граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни и прецизни одговори од стручни лица, како и информации за постапките што ги спроведува Агенцијата, појаснуваат од „Катастар“. 

За време на настанот, државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат достапни за разговор и советување, со цел полесно да им помогнат на граѓаните во решавање на нивните дилеми и прашања поврзани со катастарските услуги.

Со кампањата „Катастар до тебе“, агенцијата ја потврдува својата посветеност за поголема близина до граѓаните, унапредување на довербата и обезбедување поефикасни и поедноставни услуги за физичките и правните лица. Во рамките на кампањата е предвидено да се посетат сите општини во државата. Ги покануваме граѓаните во четврток, 18 септември, во Општина Аеродром да бидат дел од почетокот на оваа иницијатива, велат надлежните. 

Тагови: граѓани катастарски услуги

Промовирани огласи »

Од кандидат до професионалец: Вештини за преговори за прва плата

Првата работа не мора да значи ниска плата – еве како да преговарате

Започнувањето на првата работа е возбудлив момент – нови предизвици, нови можности и првото вистинско искуство во професионалниот свет. Но, еден од најосетливите делови од процесот е разговорот за платата. Многу кандидати ја прифаќаат првата понуда без да преговараат, од страв да не ја изгубат шансата. Сепак, преговорите не се знак на неблагодарност, туку на зрелост и професионализам.

  • Првата вештина што треба да ја развиете е истражувањето. Пред разговорот дознајте која е просечната плата за вашата позиција во индустријата. Така ќе имате основа за аргументирање и ќе знаете дали понудата е фер.
  • Втората е самодовербата. Начинот на кој ќе ја изразите својата вредност може да направи голема разлика. Наместо да кажете „Ми треба повисока плата“, обидете се со „Верувам дека со моите вештини и енергија можам да придонесам повеќе, па затоа сметам дека соодветна компензација би била...“.
  • Третата вештина е флексибилноста. Ако компанијата не може веднаш да ја зголеми понудата, прашајте за дополнителни бенефиции – обуки, флексибилно работно време или можност за унапредување во блиска иднина.

Најважно е да запомните: преговорите не се борба, туку разговор. Со правилен пристап, ќе покажете дека знаете да се цените себеси и својата работа – квалитет што секој работодавач го почитува.

Првата плата можеби не е највисоката во вашата кариера, но начинот на кој ќе преговарате за неа ќе биде вашата прва лекција како од кандидат да станете вистински професионалец.

Прочитајте и за: Зошто некои компании ја кријат платата на вработените?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Тешки метали, радиоактивност - Институтот за јавно здравје со официјални информации по пожарот во Трубарево

Во каква состојба се водата и почвата во скопско?

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.

Предходниот викенд ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.

Во текот на вчерашниот ден ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода.

Од добиените денешени резултати, ИЈЗ информира за следното. Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb.

По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстапување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата, соопштуваат од ИЈЗ.

Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали.

Исто така, ИЈЗ информира дека е испитана и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.

Институтот за јавно здравје во најкус можен рок успеа да ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа. ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, и за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана, информираа оттаму. 

Тагови: загаден воздух Институтот за јавно здравје Трубарево

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »