Промовирани огласи »

Ангелов објсни: Цело Скопје смрди затоа што ветрот сменил правец и дува од Дрисла кон Скопје

Цело Скопје смрди затоа што ветрот сменил правец и дува од Дрисла кон Скопје

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, објасни директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

И вечерва но и во текот продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла. Активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро.

За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, за што дополнително ќе информирам утре претпладне. – вели Ангелов.

Тагови: загадување Скопје Стојанче Ангелов загаден воздух

Промовирани огласи »

Вработување во СЕТЕК!

Најнови огласи за вработување во СЕТЕК!

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Кочани
Референт за продажба во Велес
Возач со Ц категорија
Референти за продажба во Кавадарци

Доколку се уште ја немате пронајдено вашата идеална работна позиција, сите останати акавтивни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СЕТЕК Сè од техника ДОО

Промовирани огласи »

Со огромен успех заврши овогодинешното издание на ITD Tech Days, традиционален настан во организација на ИТД Дистрибуција, кој и оваа година ги собра на едно место најважните партнери, експерти и компании од ИТ индустријата.

Настанот се одржа во хотел “Изгрев” во Струга и опфати целодневна програма исполнета со презентации, панел дискусии и можности за вмрежување. На присутните им беа претставени најновите решенија и трендови во областа на вештачката интелигенција, заштита на податоци, сајбер безбедност, хибридна работа и современи инфраструктурни решенија.

На настанот имаше повеќе од 150 учесници и ги вклучи презентациите на водечките глобални брендови како што се: Dell Technologies, Check Point, HPE, Barracuda, Fortinet, HP, Poly, TP-Link, Vertiv, Commvault и Imperum.

За разлика од минатата година, овогодинешното издание донесе уште поголема програма и проширена листа на вендори, со што ИТД Дистрибуција уште еднаш ја потврди својата трансформација во „value-added“ дистрибутер кој не нуди само производи, туку и целосни решенија и услуги.

Практичните демо-сценарија и успешните приказни од реални проекти овозможија на партнерите непосреден увид во начинот на кој новите технологии се применуваат на македонскиот и регионалниот пазар.

„ITD Tech Days претставува можност за нашите партнери и клиенти директно да се запознаат со најновите технологии и решенија кои ја обликуваат иднината на ИТ индустријата. Горди сме што заедно со нашите партнери успеваме да изградиме силна заедница која расте и се развива секоја година,“ изјави г-ѓа Биљана Шеновска, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција.

Посебен акцент на програмата беше панел дискусијата „Hot, Flat & Crowded IT World“, на која индустриски експерти споделија искуства и визии за предизвиците и идните трендови на ИТ пазарот.

Настанот беше заокружен со вечерна забава покрај плажа, која овозможи дополнителна можност за неформално дружење и размена на искуства.

ITD Tech Days 2025 уште еднаш го потврди статусот на еден од најрелевантните ИТ настани во регионот, поставувајќи нови стандарди за професионална едукација, инспирација и градење партнерства.
 

Промовирани огласи »

Од рутина до монотонија: Причини зошто работата губи смисла

Од рутината до целосна монотонија – причините за кои никој не зборува!

Најголемиот дел од нашиот ден го поминуваме на работа. Но, наместо да биде извор на инспирација, развој и задоволство, кај многумина таа станува монотона обврска. Со текот на времето, рутината може да ја „убие“ мотивацијата и да ја одземе смислата што некогаш ја чувствувавме. Зошто се случува тоа?

1. Недостиг на предизвици

Кога задачите се повторуваат секој ден без простор за креативност или нови проекти, работата станува досадна. Луѓето имаат потреба од предизвици што ќе го раздвижат умот и ќе им дадат чувство на напредок.

2. Отсуство на признание

Дури и кога давате максимум, ако трудот не е препознаен, лесно се создава чувство дека вашата работа нема значење. Признанието и позитивниот фидбек се гориво за мотивација.

3. Слаби можности за развој

Ако компанијата не нуди обуки, унапредувања или можности за нови улоги, вработените почнуваат да се чувствуваат „заробени“ во место. Недостатокот на перспектива често е причина за губење на ентузијазам.

4. Лоша работна средина

Токсични колеги, нејасни очекувања или микроменаџмент создаваат стрес и го намалуваат чувството на припадност. Без здрава атмосфера, дури и интересната работа може да стане неподнослива.

5. Недостаток на смисла

Кога работата не е поврзана со поголема цел или нема јасен придонес кон успехот на компанијата, таа брзо станува механичка. Луѓето сакаат да чувствуваат дека прават разлика.

Работата не мора да биде синоним за монотонија. Со отворање на нови предизвици, признавање на трудот и создавање позитивна средина, секоја рутина може да се претвори во извор на личен и професионален раст.

Прочитајте и за: Чекор по чекор до обучен и мотивиран тим

Тагови: HR работа совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »