Промовирани огласи »

Магична КРОШУ Детска Авантура

Фабриката на Кромберг & Шуберт во Битола викендов се претвори во најсреќното место на светот

Фабриката на Кромберг & Шуберт во Битола викендов се претвори во најсреќното место на светот. Повеќе од 1200 деца на вработените беа дел од традиционалниот настан „КРОШУ Детска Авантура“, кој ја обедини радоста, семејството и детската насмевка во едно незаборавно искуство.

Денот беше исполнет со богата програма која ги воодушеви најмалите: шарена и вкусна храна, балони, тромболини, замоци, играчки, магионичари и многубројни изненадувања и поклони. Секое катче нудеше ново доживување, од магичните настапи кои ги оставија сите без здив, до тромболините и замоците кои станаа омилено катче на сите деца. Атмосферата беше вистинска бајка, создадена да поттикне смеа, забава и другарување. КРОШУ Детска Авантура се претвори во вистински празник на радоста. Фабриката блескаше во бои, смеа и енергија, а создадените спомени ќе останат долго во срцата на сите присутни.

Но, настанот не беше само забава, имаше и посебна вредност. Децата добија можност да ја посетат фабриката, да влезат во производствената хала и да видат каде работат нивните родители. Ова беше ретка и драгоцена прилика малите љубопитни гости одблиску да се запознаат со работната средина и да откријат што значи труд, посветеност и тимска работа.

Преку вакви настани, компанијата уште еднаш ја потврди својата посветеност кон вработените и нивните семејства, градејќи мост помеѓу професионалниот и приватниот живот.

Денот донесе многу емоции, но и важна порака, дека среќата на децата е најголемата награда за секој вложен труд.

Со оваа прослава, Кромберг & Шуберт - Битола уште еднаш докажа дека не е само најголем работодавач во регионот, туку и компанија која создава приказни, вредности и моменти кои траат цел живот.

Еден ден за паметење. Илјада насмевки за радување. Магична авантура која потврди дека детството секогаш треба да биде незаборавна авантура.

Тагови: Kromberg & Schubert Macedonia

Промовирани огласи »

ФОТО: Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект

Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала. Еве како треба да изгледа!

Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.

Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот.

Она што е особено значајно во решението е дека ќе се задржи постојната форма за почитување на колективната меморија, Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветлување, аудио-видео и електрични инсталации. Предвидени се и нови современи материјали во ентериерот и екстериерот, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а е изработено и современо, атрактивно партерно и хортикултурно решение, велат од Министерството за култура и туризам во објавата на Фејсбук.

Очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор, по што ќе започне изградбата на Универзалната сала по системот „клуч на рака“. Планирано е изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра.

Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба, создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата во 2028 година, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Тагови: Зоран Љутков Универзална сала

Промовирани огласи »

За половина денар поевтинуваат овие горива од полноќ

Добра вест за возачите!

Од вечерва на полноќ поевтинуваат горивата, објави Регулаторната комисија. 

За 0,5 денари поевтинуваат сите видови горива – ЕУРОСУПЕР 95, 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ.

ЕУРОСУПЕР 95 од ноќва на полноќ ќе чини 75,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава по 77,5 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се точи за 69,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета 69 денари, додека мазутот поевтинува за 0,4 денари и ќе чини 36,7 денари по килограм. 

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Промовирани огласи »

Префрлање кон специјализирани улоги: xAI на Елон Маск отпушти 500 работници

xAI на Елон Маск изврши значителни отпуштања, насочувајќи се кон специјализирани вештини. Компанијата отпушти 500 генералисти, додека се дискутира уште поголемо вработување за експерти.

Во време кога AI платформите бележат брз успех, вработените кои работат на овие алатки не се исклучок од трендот на намалување на работната сила. xAI на Елон Маск објави отпуштања, а 500 работници од тимот Грок беа засегнати. Компанијата во петок ги објави отпуштањата во е-маил до вработените, нагласувајќи дека ќе ги намалува овие тимови.

Паралелно со отпуштањата, xAI започнува иницијативи за вработување во области како STEM, финансии, медицина, безбедност и многу други. Тоа, според е-маиловите до вработените, укажува на преминување од генералисти кон специјалисти. Оваа промена предизвика конфузија за иднината на работата во компанијата.

Отпуштањата резултираа со загуба од околу 500 работни места, што претставува третина од тимот за обработка на податоци, според Business Insider. Вработените кои беа заминати, ќе примат плата до крајот на договорот, но го изгубија пристапот до системите веднаш по известувањето за отпуштање.

Според сознанијата од Business Insider, xAI информираше дека планира реорганизација на тимот за обработка на податоци. Вработените беа замолени да комплетираат тестови кои ги оценија нивните способности, а по нив беше направен изборот за отпуштање.

Од е-маилот до вработените станува јасно дека xAI има намера да вработи повеќе специјалисти.

По внимателен преглед на нашите човечки напори со обработката, одлучивме да го забрзаме вработувањето на специјализирани AI тутори, додека ја намалуваме нашата фокусираност на генералистите.

стои во е-маилот. Слични трендови може да забележиме и кај другите компании кои гледаат кон специјализирани вештини.

Тагови: вештачка интелигенција Елон Маск

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »