Промовирани огласи »

Најавено кога ќе започне примената на „Безбеден град“, ова се предвидените забрани со новите законски измени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот. Еве што се предвидува со него и кога се планира да започне со прим… See more

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот, со кои ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите на моторни возила, туку и за пешаците и велосипедистите.

Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека, изјави Тошковски.

Тој нагласи дека новите мерки се дел од проектот „Безбеден град“, чија цел е зголемување на безбедноста на улиците и намалување на бројот на сообраќајни прекршоци.

Со овие измени обезбедуваме поефикасна контрола на прекршоците – записникот со платен налог ќе биде единствен документ за помали прекршоци, а прекршоците ќе се утврдуваат и документираат преку техничка опрема, додаде министерот.

Проектот „Безбеден град“ е планирано да започне со примена во јануари 2026 година.

Тагови: казни Панче Тошковски Безбеден град

Промовирани огласи »

Сè што ви треба за успешен почеток на учебната година

Почетокот на новата учебна година секогаш носи возбудување, но и многу подготовки.

Почетокот на новата учебна година секогаш носи возбудување, но и многу подготовки. За учениците, тоа значи нови предизвици, нови пријателства и нови можности за учење. За родителите, пак, тоа е време кога треба да се обезбедат сите потребни работи за децата да започнат успешно.

Најважно е да се подготват основните училишни материјали – тетратки, моливи, пенкала, ранци и организатори. Дополнително, секако потребни се и практични работи како спортска опрема, кутија за ужина или дигитални алатки кои сè почесто се користат во наставата. Добро е да се направи список однапред за ништо да не се заборави.

Покрај материјалите, важно е и децата да бидат психолошки подготвени за враќање во училишните клупи. Разговорите за тоа што ги очекува, потсетување на убавите моменти и создавање позитивна атмосфера може многу да помогнат. Со добра организација и вистинска поддршка, учебната година може да започне без стрес и со многу ентузијазам.

Тагови: ученици школски прибор училиште

Промовирани огласи »

Повторно пуштена во употреба жичницата на Водно

Целосно е сервисирана и повторно пуштена во редовна употреба, велат надлежните. Дали ќе ја користат скопјани повторно?

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека од денеска, жичницата на Водно е целосно сервисирана и повторно пуштена во редовна употреба.

Почитувани корисници на жичницата Милениумски крст, по изминатиот период во кој се спроведе предвидениот годишен сервис, жичницата од денес е ставена повторно во функција. Ве очекуваме на падините на Водно, соопштија од ЈСП.

Претходно од претпријатието ги демантираа информациите кои излегоа во јавноста и велеа дека е нарушена безбедноста на жичницата и оти таа подолг временски период работи без потребните дозволи, и појаснија дека жичницата е безбедна и е привремено затворена поради редовен годишен сервис.

Безбедноста на жичницата на Водно е по сите пропишани стандарди. Таа има валиден безбедносен сертификат до 25 септември годинава. Во тек е тековен сервис, кој се врши овој месец. Направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба, реагираа тогаш од претпријатието.

Тагови: Жичницата „Милениумски крст“ Скопје Водно

Промовирани огласи »

Во Македонија повеќе луѓе умираат отколку што се раѓаат

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот период лани е намален за 4.2%.

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува – 1.135 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во вториот квартал е 3.741 и во споредба со истиот период лани е намален за 4.2%.

Бројот на умрените лица, пак, во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2% во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2.792 бракови и нивниот број е зголемен за 8.1% во споредба со истиот период од 2024 година, а регистрирани се 545 разведени бракови, што претставува зголемување од 0.4% во споредба со истиот период од 2024 година.

Тагови: Државен завод за статистика Македонија новороденче

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »