Промовирани огласи »

Орлин Ваташки e нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје

УНИБанка АД Скопје го зајакнува тимот – Орлин Ваташки назначен во Управниот одбор

Орлин Ваташки е именуван за нов член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје и официјално веќе од 21.08.2025г. е дел од највисокиот раководен тим на Банката.

Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици.

“Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата мисија. Подобрувањето на услугите за клиентите, креирање иновативни продукти, активно унапредување на дигитализација на Банката, како и севкупното подобрување на перформансите на банката се сегменти од работењето кои ќе бидат во мојот фокус”, истакна г. Ваташки.

Во неговата досегашна банкарска кариера бил дел од Банка Пиреос Бугарија, Софија,  како Раководител на одделение во Дирекција Проблематични кредити, потоа од МКБ Унионбанк, Софија, која е дел од Bayern LB Германија, како Раководител на Одделение Проблематични побарувања, а за истакнување е и неговото искуство во Прва Инвестиционна Банка, Софија, како Директор на Дирекција Проблематични активи.

Г-динот Ваташки во УНИБанка АД Скопје ќе биде одговорен за дирекциите: Управување со ризик, Финансии и сметководство, Информатички технологии, Платни системи, Управување со проблематични пласмани, Картично работење и Кредитна администрација.

УНИБанка АД Скопје неколку години по ред остварува исклучителни резултати. И најновиот финансиски извештај за првиот семестар од 2025г. покажува раст на кредитирањето и нивото на депозити, раст на добивката и висока позиционираност во сегментот средни банки. Акциите на банката неколку години по ред се меѓу најпосакуваните на Македонската берза, што е потврда за добрата стратегија, одличната кадровска структура и воопшто за успешното работење на оваа институција.

Тагови: УНИ БАНКА АД

Промовирани огласи »

Откријте го најдоброто од себе во работната средина

5 тајни како да ја покажете вашата вистинска вредност на работното место

Секој од нас носи уникатен потенцијал и талент на работното место. Но, често се случува овој потенцијал да остане недоволно искористен поради рутина, недостаток на мотивација или несигурност. Откривањето и користењето на вашите најдобри способности може да ви донесе личен и професионален успех, како и подобра работна атмосфера.

1. Познајте ги вашите силни страни

Првиот чекор е да препознаете во што сте добри. Дали сте креативни, аналитични, организациски способни или одлични во комуникација? Кога ќе ги идентификувате вашите силни страни, полесно ќе ги насочите во задачи каде можете да се истакнете.

2. Поставете јасни цели

Целите ви помагаат да ја насочите енергијата кон резултати. Краткорочни и долгорочни цели ќе ви овозможат фокус и мотивација. Запишете ги и редовно следете го вашиот напредок.

3. Побарајте предизвици

Не останувајте во зоната на комфор. Кога прифаќате нови и предизвикувачки задачи, учите, растете и покажувате дека можете да се справите со повеќе од она што се очекува од вас.

4. Учете и усовршувајте се

Постојано инвестирајте во вашето знаење и вештини. Кратки обуки, семинари или читање професионална литература може да ви помогнат да се издвоите и да ја покажете својата вредност.

5. Комуницирајте и соработувајте

Вашиот потенцијал најдобро се гледа кога успешно работите со другите. Разменувајте идеи, давајте и примајте повратни информации и градете професионални односи.

Откривањето на најдоброто од себе на работа не е само за личен успех – тоа ги подобрува и резултатите на тимот и атмосферата во компанијата. Со свесна работа на вашите силни страни, постојано усовршување и проактивен пристап, можете да ја покажете својата вистинска вредност и да се издвоите како незаменлив член на тимот.

Прочитајте и за: Како да ја зголемите шансата за вработување за кратко време

Тагови: HR совети за работа

Промовирани огласи »

Тивки убијци на кариерата што не ги забележувате

Случајните грешки кои ја попречуваат вашата кариера можат да бидат тешко забележливи. Прочитајте за петте грешки кои ќе ве спречат на патот до успехот и како да ги надминете.

Мислите дека само добрата работа е доволна за напредување? Понекогаш најголемите пречки за кариера не се очигледни. Овие „тивки убијци“ полека го кочат вашиот напредок – без да сфатите.

1. Игнорирање на канцелариската политика

Колку и да сакате да ја избегнете, канцелариската политика постои и влијае на вашиот развој. Вештината на вмрежување е еднакво важна како и вашата работа.

2. Никогаш не барате повратна информација

Без конструктивен фидбек не можете да научите каде грешите или како да бидете подобри. Фидбекот е вашиот компас за раст.

3. Прифаќање на сè („Да“ за сите задачи)

Кажувањето „да“ на сè може да доведе до прегорување и слаб квалитет. Научете да кажете не за да можете да блеснете таму каде што треба.

4. Избегнување на конфликти по секоја цена

Бидејќи не се спротивставувате, вашиот глас не се слуша и останувате невидливи. Мирот е добар, но понекогаш вашиот став вреди повеќе.

5. Останување во комфор-зоната

Не прифаќате нови предизвици и ризици, а тоа значи дека стоите во место. Растот започнува таму каде што завршува комфор-зоната.

Овие грешки изгледаат безопасно, но на долг рок можат да ја уништат вашата кариера. Почнете денес – барајте фидбек, гради односи и ризикувајте за да растете.

Тагови: Лоша работна атмосфера

Промовирани огласи »

Грција објави предлог-закон за четиридневна работна недела

Дали и кај нас треба да се воведе 4 дневна работа?

Грција се подготвува за значајни промени во своето трудово законодавство со воведување на предлог-законот „Фер работа за сите“. Според новиот предлог, работната недела би се состоела од четири работни дена со 10-часовно работно време. Овие промени, кои ги претстави Министерството за социјални работи, имаат за цел да овозможат поголема флексибилност во организирањето на работното време.

Законот, составен од 88 члена, вклучува и можност за индивидуални договори при скратено работно време и значително намалување на трошоците за прекувремена работа. За работниците се предвидува можност за работа до 13 часа дневно врз основа на доброволен договор, со дополнителен надомест од 40%. Ограничувањата за неделниот и годишниот број на работни часови остануваат непроменети.

Новите правила нема да се применуваат во сектори како супермаркети и индустрија, каде што се потребни најмалку 11 часови одмор. Министерството уверува дека овие измени нема да го прекинат социјалниот дијалог и дека колективните договори ќе останат во сила. До 19 септември, предлог-законот ќе биде предмет на јавна дискусија пред неговото финално усвојување.

Тагови: Грција четиридневна работна недела

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »