Промовирани огласи »

Wizz Air почна да продава билети за новите летови од Скопје – цените стартуваат од 969 денари

Wizz Air започна со продажба на билети за пет нови авиолинии од Скопје, со цени кои почнуваат од 969 денари во правец.

Wizz Air започна со продажба на билети за пет нови авиолинии од Скопје, со цени кои почнуваат од 969 денари во правец.

Како што најави вицепремиерот Александар Николоски, од ноември ќе има летови до Мадрид и Стокхолм, аод декември до Прага, Бари и Келн.

Утрово потпишавме договор за пет нови дестинации кои ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Овие нови авиолетови ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис можности и повеќе избор за сите граѓани на Македонија. Веќе од ноември почнуваат редовните линии Стокхолм – Скопје и Мадрид – Скопје, а од декември и Бари – Скопје, Келн – Скопје и Прага – Скопје, информираше пред неколку денови Николоски.

Според објавените информации, првите летови и цени по правец се следните:

  • Скопје – Мадрид: прв лет на 28 октомври, од 1.949 денари
  • Скопје – Стокхолм: прв лет на 27 октомври, од 2.079 денари
  • Скопје – Бари: прв лет на 27 октомври, од 969 денари
  • Скопје – Прага: прв лет на 15 декември, од 1.619 денари
  • Скопје – Келн: прв лет на 15 декември, од 2.599 денари

Вицепремиерот Николоски вчера преку социјалните мрежи објави дека започна продажбата на билети за новата линија Скопје – Келн, нагласувајќи дека оваа авиолинија ќе има големо значење за развојот на туризмот, поврзаноста со дијаспората и за економијата.

Тагови: Wizz Air авио сообраќај Александар Николоски

Промовирани огласи »

Нов африкански топлотен бран го погодува Балканот – Македонија до 40°C

До 15 август се очекува претежно сончево и исклучително топло време, со повремена локална облачност и засилен северен или североисточен ветер.

Територијата на Македонија е зафатена од нов, интензивен топлотен бран кој доаѓа од Африка. До 15 август се очекува претежно сончево и исклучително топло време, со повремена локална облачност и засилен северен или североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат меѓу 15 и 22 степени, а во југоисточниот дел и Повардарието ќе има тропски ноќи – кога ноќната температура не паѓа под 20 степени. Во Скопскиот регион, исто така, времето ќе биде стабилно, суво и топло, со дневни температури кои ќе достигнуваат од 38 до 40 степени.

Со оглед на екстремните температури кои во текот на денот ќе се искачуваат и до 40 степени, се препорачува да се избегнува престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Граѓаните се советуваат да внесуваат доволно течности, да носат лесна облека и да се заштитат од директно сонце, со цел да се избегнат топлотни удари и дехидрација.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
10°
11°
11°
10°
10°
10°








3

4

4

4

4

3

3

3

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 12° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













10°
11°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

1

2

2

2

2

3

3

3

3

3

2

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 13° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h












11°
12°
12°
13°
12°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2

2

Промовирани огласи »

Зголемување на платите на социјални работници за 20%

Потпишан нов колективен договор!

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денес го потпиша Колективниот договор со синдикатите за зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20%. Овој потег претставува значаен чекор напред во подобрување на материјалниот статус на социјалните работници.

Со овој договор не само што се зголемуваат платите, туку се унапредуваат и правата од работен однос. Тоа ги зајакнува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите, изјави министерот Лимани.

Покачувањето на платите е признание за хуманата мисија и трудот на сите вработени во системот на социјална заштита, со желба за подобри услови за работа и унапредување на услугите што ги добиваат граѓаните.

Тагови: зголемување на плата социјални работници Фатмир Лимани

Промовирани огласи »

Како полесно да се вратиш на работа по одмор?

Враќањето од одмор често знае да биде поголем шок отколку што очекуваме – од бучни канцеларии до полн инбокс и обврски кои не можат да чекаат

Враќањето од одмор често знае да биде поголем шок отколку што очекуваме – од бучни канцеларии до полн инбокс и обврски кои не можат да чекаат. Наместо да се впуштиш директно во хаосот, обиди се да го продолжиш „одморскиот“ ритам уште неколку дена. Организирај си го времето постепено, започнувај со полесни задачи и не се обидувај веднаш да надоместиш сè.

Една добра стратегија е да го искористиш првиот ден за сортирање, планирање и приоритизирање. Направи листа на обврски по важност, враќај се на мејловите селективно и остави простор за паузи. Ако е можно, не се враќај на работа веднаш следниот ден по враќањето – дозволи си ден дома за транзиција, перење, распакување и ментална подготовка.

За да го задржиш чувството на мир што си го стекнал на одмор, вклучи дел од тие моменти и во секојдневието – слушај ја музиката што те релаксирала, прошетај после работа, готви нешто што си пробал на патувањето. Враќањето од одмор не мора да значи и крај на доброто расположение – со малку организација и свесност, можеш да го продолжиш тој позитивен бран уште долго.

Тагови: лето работни навики совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »