Промовирани огласи »

Нов африкански топлотен бран го погодува Балканот – Македонија до 40°C

До 15 август се очекува претежно сончево и исклучително топло време, со повремена локална облачност и засилен северен или североисточен ветер.

Територијата на Македонија е зафатена од нов, интензивен топлотен бран кој доаѓа од Африка. До 15 август се очекува претежно сончево и исклучително топло време, со повремена локална облачност и засилен северен или североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат меѓу 15 и 22 степени, а во југоисточниот дел и Повардарието ќе има тропски ноќи – кога ноќната температура не паѓа под 20 степени. Во Скопскиот регион, исто така, времето ќе биде стабилно, суво и топло, со дневни температури кои ќе достигнуваат од 38 до 40 степени.

Со оглед на екстремните температури кои во текот на денот ќе се искачуваат и до 40 степени, се препорачува да се избегнува престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Граѓаните се советуваат да внесуваат доволно течности, да носат лесна облека и да се заштитат од директно сонце, со цел да се избегнат топлотни удари и дехидрација.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

6.12.2025 Сабота   / 11° 06:44   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h











10°
11°
11°
11°
11°
11°
10°







4

3

4

3

3

3

2

3

2

2

2

2

2

2

2
7.12.2025 Недела   / 11° 06:45   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h













11°
11°
11°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

1

2

2

2

2

2

3

3

3

3

3

3

2

2
8.12.2025 Понеделник   / 12° 06:46   16:09
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h











10°
11°
12°
12°
12°
11°








2

2

2

2

2

2

2

2

2

2

3

3

3

4

4

4

3

2

2

2

3

3

3

3

Промовирани огласи »

Зголемување на платите на социјални работници за 20%

Потпишан нов колективен договор!

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денес го потпиша Колективниот договор со синдикатите за зголемување на платите на вработените во јавните установи за социјална заштита за 20%. Овој потег претставува значаен чекор напред во подобрување на материјалниот статус на социјалните работници.

Со овој договор не само што се зголемуваат платите, туку се унапредуваат и правата од работен однос. Тоа ги зајакнува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите, изјави министерот Лимани.

Покачувањето на платите е признание за хуманата мисија и трудот на сите вработени во системот на социјална заштита, со желба за подобри услови за работа и унапредување на услугите што ги добиваат граѓаните.

Тагови: зголемување на плата социјални работници Фатмир Лимани

Промовирани огласи »

Како полесно да се вратиш на работа по одмор?

Враќањето од одмор често знае да биде поголем шок отколку што очекуваме – од бучни канцеларии до полн инбокс и обврски кои не можат да чекаат

Враќањето од одмор често знае да биде поголем шок отколку што очекуваме – од бучни канцеларии до полн инбокс и обврски кои не можат да чекаат. Наместо да се впуштиш директно во хаосот, обиди се да го продолжиш „одморскиот“ ритам уште неколку дена. Организирај си го времето постепено, започнувај со полесни задачи и не се обидувај веднаш да надоместиш сè.

Една добра стратегија е да го искористиш првиот ден за сортирање, планирање и приоритизирање. Направи листа на обврски по важност, враќај се на мејловите селективно и остави простор за паузи. Ако е можно, не се враќај на работа веднаш следниот ден по враќањето – дозволи си ден дома за транзиција, перење, распакување и ментална подготовка.

За да го задржиш чувството на мир што си го стекнал на одмор, вклучи дел од тие моменти и во секојдневието – слушај ја музиката што те релаксирала, прошетај после работа, готви нешто што си пробал на патувањето. Враќањето од одмор не мора да значи и крај на доброто расположение – со малку организација и свесност, можеш да го продолжиш тој позитивен бран уште долго.

Тагови: лето работни навики совети за работа

Промовирани огласи »

Стапија на сила повисоките царини на Трамп

Стапката за Македонија, како што претходно беше објавено, изнесува 15 проценти, исто како за земјите од ЕУ.

Царините воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп официјално стапија во сила, зафаќајќи увоз од десетици земји со различни стапки, вклучувајќи 15 проценти за Македонија. Оваа стратегија наменета за намалување на трговскиот дефицит поставува голем предизвик за земјите кои сега мора да се соочат со нови економски услови.

Царинската и граничната заштита на САД започна да собира царини во 00:01 часот по источно време, откако траеја непрекинати преговори со земјите кои сакаат да ги сведат на минимум. Основната царинска стапка првично беше поставена на 10 проценти, но по неколку ревизии Трамп одлучи за различни проценти за одредени земји.

Македонија, заедно со Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, доби стапка од 15 проценти, додека други земји како Бразил и Швајцарија се соочуваат со повисоки проценти. Трамп вети значителни финансиски бенефиции за САД од овие царини, додека голем број земји се обидуваат да постигнат поволни рамковни договори со Вашингтон.

Тагови: Доналд Трамп Македонија царински тарифи

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »