Промовирани огласи »

Времето денес во Македонија – сончево со можност за краткотрајни врнежи

Сонце до попладне, потоа нестабилно – подгответе се!

Денес не очекува претежно сончево и потопло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови постои можност за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево, со повремена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

02.08.2025 Сабота   24° / 32° 06:31   20:52
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










27°
29°
30°
31°
32°
32°
32°
32°
31°
30°
27°
26°
25°
24°

2

2

2

3

3

3

3

4

3

2

2

2

2

1
03.08.2025 Недела   20° / 33° 06:32   20:51
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
23°
23°
22°
22°
21°
20°
20°
22°
23°
25°
28°
30°
31°
32°
33°
33°
33°
33°
32°
31°
29°
27°
26°
25°

1

2

2

2

1

1

1

1

2

2

2

3

3

3

4

4

4

4

3

3

4

3

3

2
04.08.2025 Понеделник   19° / 27° 06:33   20:50
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
24°
24°
23°
23°
22°
21°
21°
23°
23°
23°
24°
27°
26°
27°
23°
22°
23°
22°
21°
21°
20°
20°
19°
19°

2

2

1

2

2

1

1

2

4

1

3

2

3

2

4

3

3

2

3

2

2

3

2

2

Промовирани огласи »

САД воведоа царини за Македонија и десетици други земји

Дали Трамп воопшто има право да воведува царини?

Доналд Трамп воведе царини за увозот од десетици трговски партнери на САД, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван и им даде нов рок од седум дена за постигнување трговски договор. Македонија се најде во најголемата група земји на кои им се воведени царини од 15%, заедно со Исланд, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Турција, Венецуела и други.

Полошо поминаа Србија и БиХ, кои добија царини од 35%, односно од 30%.

Трамп ги зголеми царините за Канада на 35% откако денеска помина рокот за постигнување трговски договор, Бразил доби 50%, Индија 25%, а Швајцарија 39%.

Според извршната наредба на Трамп, новите царини од 10% до 41% за 69 држави ќе почнат да важат за седум дена. Некои од нив постигнаа договори за намалување на царините, други немаа можност да преговараат со администрацијата на Трамп.

Стоките од сите други земји кои не се наведени во извршната наредба ќе се царинат со 10%.

Кина не се соочи со нови царини зашто е среде трговски преговори со САД, додека Трамп претходно склучи договор со Европска Унија со царини од 15%.

Некои трговски партнери, и покрај тоа што почнале преговори, понудиле услови кои според мое мислење не ги решаваат доволно нерамнотежите во нашите трговски односи или не успеале доволно да се усогласат со САД по економски и безбедносни прашања, стои во наредбата на Трамп.

Тагови: Доналд Трамп царински тарифи Македдонија

Промовирани огласи »

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.

На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот, рече Тошковски.

Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани.

Тагови: МВР Панче Тошковски сообраќаен прекршок

Промовирани огласи »

Во јуни раст од 22.5% на трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Храната никогаш поскапа, тврдат граѓаните.

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 31.5 %, а реално за 22.5 %, во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално е зголемена за 9.2 %, а реално за 5.2 %, во Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 20.4 %, а реално за 13.9 % и во Трговија на мало со автомобилски горива е зголемена реално за 8.3 %, а номинално за 0.7 %

Тагови: Државниот завод за статистика пијалак

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »