
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »БРЕНД АМБАСАДОР ЗА ПРЕМИУМ ЖЕСТОКИ ПИЈАЛАЦИ
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Фиксен и варијабилен надоместок на плата;
- Службено возило достапно за користење 24/7 со целосно покриени патни трошоци;
- Иновативни и целосно дигитализирани алатки за работа;
- Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности;
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси;
- Исплата на годишен бонус, согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања;
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници;
- 24/7 осигурување од незгода;
- Работа со светски познати брендови - Bacardi, Martini, Bombay Sapphire, Grey Goose, Patron, Camino, St-Germain, Finlandia, The Macallan, Highland Park, Brugal, Naked Malt, The Famous Grouse, Zlatna Rakija и Pelin.
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Подобрување, развој и следење на егзекуцијата во категоријата Премиум жестоки пијалаци во HoReCa каналот;
- Континуирано споделување на знаење со продажната сила и вработените и ширење на културата на жестоките пијалаци (амбасадорство);
- Продлабочување на целокупното знаење на компанијата и купувачите за Премиум жестоките пијалаци и егзекуција на сите активности и координација со HoReCa тимот.
- Создавање иновативни програми и алатки за поставување нови трендови на пазарот и воспоставување одлични односи со клучните засегнати страни во HoReCa секторот, со силен фокус на ангажирање на локалната заедница на бармени.
- Организација на промотивни и едукативни настани, за развивање јасна слика за брендот.
ШТО БАРАМЕ:
- Високо образование ќе се смета за предност;
- 3+ години искуство во директна продажба, преговори и односи со клиенти во HoReCa
- Возачка дозвола Б-категорија;
- Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Добро познавање на англиски јазик;
- Чувство за односи со клиенти.
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 14.06.2025г.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »