
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.
повеќе за компанијата »ПАРТНЕР ЗА ТАЛЕНТИ
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Можност за учење и работа во Avature
- Фит кит –бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
Регрутација:
- Целосно управување со процесот на регрутација, обезбедувајќи беспрекорно и позитивно искуство за кандидатите;
- Обезбедува стратешка поддршка на линиските менаџери, обезбедувајќи им увиди во пазарот на труд со цел креирање на стратегии за регрутација и носење на информирани одлуки;
- Го зајакнува нашиот бренд на работодавачот преку учество на саеми на кариера, соработка со Универзитети и други образовни организации, иницијативи за вмрежување и слично;
- Континуирано подобрување преку оптимизирање на процесите за регрутација, имплементирање на креативни техники за пронаоѓање кандидати.
Развој на таленти:
- Заедно со Менаџерите за луѓе и култура ја дефинира стратегијата за развој на таленти и создавање на култура на континуиран развој на луѓето низ целата организација;
- Го води процесот на идентификација на таленти и наследници за клучни позиции;
- Го води процесот на градење на вештини кај линиските менаџери за развој на луѓето;
- Ги координира и имплементира сите програми и иницијативи за развој на луѓето;
- Обезбедува поддршка на вработените за креирање на своите индивидуални планови за развој (IDP) и им помага да го отклучат својот потенцијал.
ШТО БАРАМЕ:
- Високо образование од областа на Психологија, Организациски науки, Човеќи ресурси и слично
- Најмалку 4 години релевантно работно искуство;
- Искуство со проценка на вештини, центри за проценка, стратешко мапирање на пазарот на труд ќе се смета за предност;
- Активно познавање и користење на англискиот јазик;
- Одлични комуникациски вештини;
- Насоченост кон остварување на резултати
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 10.06.2025г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »