Промовирани огласи »

Трајко Славески – нов гувернер на Народната банка на Македонија

За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против.

Неколку моменти пред полноќ, во Собранието на Република Северна Македонија, Трајко Славески беше избран за челник на Народната банка на Република Северна Македонија. За Славески гласаа „за“ 68 пратеници, додека 16 беа против.

За време на дебатата, пратениците презентираа различни гледишта. Членовите на парламентот од владејачката партија ја потенцираа неговата експертиза и способност, додека опозицијата ја критикуваше политичката припадност на Славески и неговата визија за автономијата на институцијата.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, го пофали Славески како „визионерски пионер на мерки кои што давале резултати“.

Треба да бидат земени предвид и неговата економска и неговата општествена активност. Тој е визионерски пионер на мерки кои што давале резултати. Сакаме да разговараме од аспект на неговата стручност, сите други теми се неважни, изјави Стојановски.

Координаторот на пратеничката група на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, пратеникот Бобан Карапејовски, рече дека ако Славески е квалификуван стручњак, што е потврдено со неговите професионални компетенции, не треба да биде клучно тоа како приватно се чувствува или дали е член на политичка партија.

Најголемата иронија во сето ова е што за унивезитетски професор по економија и за функција во Народна банка зборуваат еден социолог и еден лингвист. Да им оставиме на стручњаците, а тоа најдобро се гледа од профеисоналната кариера од Славески, рече Карапејовски.

Елми Азири, пратеник од Алијанса за Албанците, изрази сомневање во неговата пригодност за функцијата, велејќи дека „фактот што професор Славески над 25 години има политички функции нѐ става во дилема за зачувување на централната власт“.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, пратеникот Оливер Спасовски, Славески со искуството што е потребно, како критериум се исполнува, со оглед на возраста и академската кариера и сите функции што ги имал, но не ги исполнува критериумите за висок морален кредибилитет и дигнитет, подготвеност за отчетност и за јавна комуникација со граѓаните и со институциите.

Според него, Славески, како што рече, знае секогаш да стои на страната на крупниот капитал наспроти работниците. Пратеникот Спасовски се изјасни дека ќе гласа против.

Во дискусијата се приклучи и пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, кој потенцираше дека критериумите не произлегуваат од компетентноста, туку може да се поврзани со одредени политички фактори. Тој укажа дека во контекст на носење одлука за гувернер треба да се разгледаат сите аспекти за да се осигура дека Народната банка ќе продолжи да функционира како независна институција.

Пратеникот од политичката партија Левица, Реџеп Исмаил, во неговото објаснување зошто Славески не е добар предлог-кандидат за гувернер, меѓу другото спомена дека тој бил најголем противник на зголемување на минималната плата, а дополнително, како што рече, ќе придонесе да се развие корупцијата и јазот меѓу богатите и сиромашните.

Пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците оцени дека именувањето на лице како Славески кое никогаш не ја крие политичката припадност е закана за автономијата на институцијата“. Пратеничката Сања Лукаревска порача дека СДСМ нема да гласа за гувернер со ваков профил.

Согласно биографијата доставена во предлогот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, проф. д-р Трајко Славески е роден во Охрид во 1960 година. Тој е редовен професор на Економски факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Студирал на истиот универзитет, а бил на постдипломски студии во САД (Калифорниски државен универзитет 1986/87год. и на Универзитетот Харвард 1989/90 год.) Во 1997 година престојувал шест месеци на Државниот универзитет Аризона во Темпи, Аризона, САД, како визитинг професор.

Славески е ко-автор на првата Антиинфлаторна програма, важен документ при монетарното осамостојување на Република Македонија во април 1992 година во борбата со тогаш присутната хиперинфлација и воведувањето на националната валута – денарот.

Во минатото проф. Славески ги извршуваше функциите министер за развој (1999-2000) и министер за финансии (2006-2009) во Македонската влада. За време на извршувањето на функцијата министер за финансии во Влада на Република Македонија ја вршеше функцијата гувернер во Светска Банка и гувернер во Европска банка за обнова и развој. Како член на Влада на Република Македонија има иницирано и водено бројни реформи во економскиот и финансискиот систем на земјата, како, на пример, воведување на рамниот данок (2007 г.), осовременување на системот за вршење на плаќања, интегрирана наплата на придонесите за социјално осигурување (системот бруто плата, 2009 г. ) и др.

На локалните избори одржани во 2021 година беше носител на листа за советници на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. На конститутивната седница на Совет на град Скопје, одржана на 17,11. 2021 год, беше избран за претседател на Советот, функција што и денес ја извршува. Проф. Славески е долгогодишен активен учесник во домашните јавни дебати за економски и финансиски прашања. Тој е исто така плоден автор на 8 книги (неколку во ко-авторство) и бројни статин во домашни и странски академски списанија, како електронски медиуми за пошироката јавност. во печатени и електронски медиуми за пошироката јавност.

Тагови: гувернер Народна банка -НБРМ Трајко Славески

Промовирани огласи »

Дали навистина напредуваме… или само трчаме во место?

Најголемата измама - модерното општество, кои се оние бенефити кое тоа ни ги ветува и дали навистина ни се потребни за добар живот?

Во време кога идентитетот станува производ, а личниот успех се мери преку статус, брзина и продуктивност, сè повеќе луѓе се чувствуваат изгубено, незадоволно и емотивно исцрпено. Општеството ни наметнува слика на „успешен живот“ – постојана трка со времето, со новите трендови, со туѓите очекувања. Сме научиле да го гледаме прогресот како линеарна линија нагоре – повеќе технологии, повеќе економски раст, повеќе консумирање. Но, дали тоа е навистина напредок ако паралелно растат анксиозноста, депресијата и чувството на изолација?

Ова видео, ќе ви отвори теми на размислување за тоа како човечкото постоење е трансформирано во бескрајна трка за признание и „вредност“.

Дали постои друг начин на живеење што не е воден од алгоритми, брзина и потрошувачка?
Погледнете го и размислете: каде сме тргнале – и зошто?

Дали навистина напредуваме… или само трчаме во место?

Тагови: вештачка интелигенција ментално здравје технологија

Промовирани огласи »

Вработување во Жито Маркети!

Огласи за работа во Жито Маркети!

Жито располага со 59 маркети распространети во 20 општини во земјава: Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Кочани, Виница, Росоман, Градско, Чашка, Делчево, Демир Капија, Валандово, Тетово, Куманово, Неготино, Гостивар, Облешево, Кичево, Македонска Каменица. Со преку 850 вработени претставува препознатлив бренд во својата област со многубројните признанија (најдобар трговски објект за 2010 и 2017год., Superbrands 2015/2016, International Best Brand 2015).

Моментално вработува:

Персонал за продажба во Скопје - Aвтокоманда
Возач / Дистрибутер
Персонал за продажба во Струмица
Продажен персонал - Скопје
Месар - Охрид
Раководител на Маркет - Ѓорче Петров
Продажен Персонал - Охрид
Персонал за продажба во Ѓорче Петров
Продажен Персонал - Струга
Персонал за продажба во Илинден
Техничар за сервис и одржување на фрижидери, клими и опрема

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ДПТУ Жито Дооел

Промовирани огласи »

Како да напишете ефективно мотивационо писмо – чекор по чекор

5 реченици што ќе ви го уништат мотивационото писмо и што да напишете наместо нив

Мотивационото писмо е вашата можност да се претставите пред работодавачот надвор од биографијата. Тоа е документ кој не само што ја покажува вашата заинтересираност за позицијата, туку и вашата личност, страст и мотивација. Добро напишано мотивационо писмо може да биде клучниот фактор што ќе ве одвои од другите кандидати.

1. Истражете ја компанијата и позицијата

Пред да започнете со пишување, посветете време на истражување:

  • Која е мисијата и визијата на компанијата?
  • Каков е описот на позицијата?
  • Кои вредности ги нагласуваат?

Овие информации ќе ви помогнат да го прилагодите писмото на конкретниот оглас и да покажете дека навистина сте заинтересирани.

2. Почеток – Привлечете внимание

Започнете со краток вовед каде ќе наведете:

  • На која позиција аплицирате
  • Од каде дознавте за огласот
  • Зошто ве интересира токму таа компанија или улога

Пример: Со голем интерес аплицирам за позицијата "Маркетинг асистент" во вашата компанија, која ја забележав на KARIERA.mk. Веќе подолго време ја следам вашата работа и верувам дека мојот профил одлично се вклопува со вашата динамична и креативна работна средина.

3. Средина – Покажете што ве издвојува

Ова е делот каде треба да се поврзете со барањата од огласот:

  • Опишете ги вашите релевантни вештини, искуства и постигнувања
  • Не ја повторувајте биографијата – додадете контекст и приказна
  • Користете конкретни примери

Пример: Во моето претходно работно искуство како асистент во маркетинг агенција, водев кампањи на социјални мрежи кои резултираа со зголемување на ангажманот за 35%. Исто така, редовно анализирав податоци и предлагав креативни решенија базирани на реални резултати.

4. Завршеток – Повикајте на акција

Завршете со позитивен и самоуверен тон:

  • Изразете подготвеност за интервју
  • Поблагодарете се за разгледувањето
  • Вметнете контакт информација (ако не се бара посебен образец)

Пример: Би бил благодарен за можноста да разговараме подетално за тоа како можам да придонесам за вашиот тим. Ви благодарам што одвоивте време да ја разгледате мојата апликација.

5. Проверка пред испраќање

Не испраќајте го писмото без:

  • Проверка на граматика и правопис
  • Прилагодување на секое писмо според огласот
  • Проверка дали сте го навеле точното име на компанијата и позицијата

Краток шаблон за мотивационо писмо:

Почитувани [Име или Назив на компанијата],

Со ова мотивационо писмо аплицирам за позицијата [назив на позицијата] која ја објавивте на [извор].

[Краток опис на вашата мотивација и заинтересираност]

[Еден или два параграфа со вашите релевантни искуства, вештини и постигнувања]

Би бил благодарен за можноста да ве запознаам со мојот профил во личен разговор. Ви благодарам на вниманието и очекувам позитивен одговор.

Со почит,  
[Вашето име и контакт]

Одењето на работа ви претставува потешкотија, прочитајте и за: 7 сигнали дека вашето работно место е токсично

Тагови: HR мотивациско писмо совети за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »