Промовирани огласи »

7 сигнали дека вашето работно место е токсично

Овие 7 сигнали откриваат дали работата ви го уништува животот

Не секој проблем на работа значи дека сте во токсична средина. Но кога секој ден ви станува тежок, кога чувствувате анксиозност уште од недела вечер и кога мотивацијата исчезнува – можеби не е само до вас. Токсичните работни места се почести отколку што мислиме, а последиците од нив може да се одразат сериозно врз вашето ментално и физичко здравје.

Еве 7 знаци дека вашата работна средина можеби е токсична:

1. Континуиран стрес и анксиозност

Ако чувствувате постојана напнатост, немир или ви е тешко да се опуштите дури и по работното време – тоа е јасен сигнал дека нешто не е во ред. Токсичната средина ве држи под постојан притисок.

2. Недостаток на почит и комуникација

Кога шефот или колегите ве игнорираат, ве навредуваат, или ве прекинуваат без причина – тоа е знак на непочит. Во здраво работно опкружување, комуникацијата е отворена и базирана на взаемна почит.

3. Манипулација и фаворизирање

Токсичните лидери често користат манипулативни тактики – ве критикуваат во четири очи, а пофалбите ги чуваат за "омилените". Ако чувствувате дека нема фер третман, тоа може да влијае на вашата самодоверба и кариерен развој.

4. Недефинирани улоги и нереални очекувања

Ако постојано добивате задачи кои не се дел од вашата работна улога, со кратки рокови и без поддршка – тоа не е „тимска работа“, туку експлоатација. Јасната улога и границите се основа за здрава работна средина.

5. Отсуство на поддршка и развој

Во токсична околина, нема простор за раст. Не постојат обуки, фидбек или охрабрување. Наместо тоа, има „држи го главата долу и работи“. Добрите работодавци вложуваат во своите луѓе.

6. Токсични колеги и озборување

Ако постојано сте сведок на трачеви, саботажи, пасивна агресија или „играње игри“ меѓу колегите – тоа сериозно го нарушува тимскиот дух. Некогаш не е до работата, туку до луѓето во неа.

7. Физички симптоми

Хроничен замор, главоболки, проблеми со спиење или гастроинтестинални тегоби? Телото ви испраќа сигнали. Стресот од токсично работно место може да остави сериозни последици по вашето здравје.

Што можете да направите?

Ако препознавте некои од овие знаци – не ги игнорирајте. Разговарајте со доверливи колеги, обратете се до HR (ако постои), и размислете дали вреди да останете таму. Вашето здравје, достоинство и кариерен напредок секогаш треба да ви бидат приоритет.

Запомнете: Работа има секогаш – но вие имате само едно здравје.

Надредениот цело време ги проверува твоите работни обврски, прочитајте и за: Микроменаџирање: Тивок убиец на продуктивноста и довербата во тимот

Тагови: HR совети за работа токсично работно место

Промовирани огласи »

Стабилна епидемиолошка слика: Нема нови случаи на MPOX во земјава

Од институтот за јавно здравје известуваат дека ризикот за ширење на болеста МРОХ останува низок со оглед на брзата реакција

Од институтот за јавно здравје известуваат дека ризикот за ширење на болеста МРОХ останува низок со оглед на брзата реакција. Двете позитивни лица од МРОХ се во стабилна состојба.
Епидемиолозите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се во постојан контакт со двете лица кај кои е потврден MPOX, како и со нивните блиски контакти. Според последните информации, двајцата пациенти се во добра здравствена состојба, нема пријавени нови сомнителни случаи ниту нови потврдени инфекции.

Никој од идентификуваните контакти не покажува симптоми на MPOX. ИЈЗ веќе објави препораки за граѓаните на својата веб-страница, како и отвори две телефонски линии за консултации – достапни за јавноста и здравствените работници. Дополнително, изработен е водич со јасни препораки и протоколи за идентификација и постапување со сомнителни случаи, кој е доставен до Министерството за здравство и понатаму проследен до сите релевантни здравствени установи.

Во следните денови, ќе се одржи и онлајн обука за здравствените работници со цел унапредување на спроведувањето на протоколите. Благодарение на навремената реакција и координираните мерки, ризикот од ширење на MPOX во земјава засега се смета за низок. Институтот за јавно здравје, заедно со Министерството за здравство и другите надлежни институции, продолжува активно да ја следи ситуацијата и да презема соодветни чекори за заштита на јавното здравје.

Тагови: здравје пандемија Министерството за здравство МРОХ

Промовирани огласи »

РФМ ќе бара од ЕХФ соодветна постапка и санкционирање

Федерацијата најави дека до ЕХФ ќе достави официјално известување со барање за преземање соодветна постапка и санкции, согласно важечките прописи.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реагираше на неодржаниот натпревар поради нејавување на РК АЕК, оценувајќи го како сериозно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учество во натпреварувања под покровителство на ЕХФ. Федерацијата најави дека до ЕХФ ќе достави официјално известување со барање за преземање соодветна постапка и санкции, согласно важечките прописи.

Од РФМ потенцираат дека очекуваат праведна одлука која ќе го зачува интегритетот на натпреварувањето и ќе обезбеди фер третман за клубовите што доследно ги почитуваат правилата на играта. Според нив, ваквите ситуации не смеат да останат без последици, бидејќи директно влијаат врз спортската коректност и натпреварувачкиот дух.

Во исто време, РФМ упати безрезервна поддршка до РК Алкалоид, нагласувајќи го нивниот професионален пристап и подготвеност за настап. Според федерацијата, ваквото однесување заслужува почит и претставува пример за спортска култура, на што треба да се стремат сите клубови и учесници во меѓународните натпреварувања.

Тагови: кодекс ракомет РФМ санкции

Промовирани огласи »

Горивата поевтинуваат – еве колку ќе платите од утре на бензинските пумпи

Цените на горивата се намалуваат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)

Цените на горивата се намалуваат од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од утре, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по нова цена од 75 денари за литар, што е намалување од 0,5 денари. Исто толку поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+, кој ќе чини 77 денари за литар.

Поголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛОТ, кој поевтинува за 1,5 денари и ќе се продава за 65,5 денари за литар. За 1 денар се намалува и цената на ЕКСТРА ЛЕСНОТО МАСЛО за домаќинство, кое ќе чини 68 денари за литар.

Од друга страна, цената на мазутот бележи пораст од 0,6 денари, и новата цена ќе биде 37,4 денари по килограм.

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »