Промовирани огласи »

Дали EcoFlow е револуцијата што ни треба за поевтина и достапна струја?

Може да се користи со или без батерија, што овозможува флексибилност за корисниците во зависност од нивните потреби.

ЕcoFlow ја претстави својата нова „plug-and-play“ соларна енергетска система наречена Stream, наменета за куќи и станови. Системот вклучува преносливи соларни панели кои не бараат тешка инсталација, дозволи или електричари, што го прави достапен и за сопственици и за подстанари. Се поставуваат едноставно на балкон, кров или двор и се поврзуваат директно во штекер, овозможувајќи користење на соларна енергија до 3.200W без потреба од сложена инфраструктура.

Stream системот е модуларен и може да се купи со или без батерија. Основниот уред е Microinverter кој веднаш ја претвора сончевата енергија во електрична за употреба во реално време. За оние кои сакаат да складираат енергија, тука е Stream Ultra – батерија од 1.92 kWh со вграден инвертер, која може да се користи за заштеда преку „time-of-use“ или како резервна енергија при прекини на струја. Уредите можат да се користат поединечно или во комплет за поголема ефикасност.

Stream серијата моментално е достапна за преднарачка во Јута, со планови за проширување низ САД. Јута е избрана како тест пазар поради високата сончева изложеност, растечките цени на струјата и зголемувањето на колективните станбени единици. Официјалниот почеток на продажбата е најавен за 14 јули, а до тогаш корисниците може да ги искористат поволните понуди. Stream претставува исплатлива и лесна алтернатива за оние кои сакаат да започнат со користење на соларна енергија без големи инвестиции или просторно ограничување.

Тагови: стан соларна енергија EcoFlow

Промовирани огласи »

Од денес сите огласи од Фитнес Хаус на KARIERA.mk

KARIERA.mk со нова соработка со Фитнес Хаус!

Од денес, сите огласи од Фитнес Хаус се достапни на KARIERA.mk!

Фитнес Хаус е специјализиран ресторан за здрава и фитнес исхрана во Скопје, основан во 2015 година со цел да понуди брза, но нутритивно избалансирана храна за луѓе со активен начин на живот. Нивната мисија е да ги елиминираат изговорите за нездрава исхрана и да обезбедат оброци со прецизно пресметани нутритивни вредности, подготвени од свежи и квалитетни состојки.

Тимот на Фитнес Хаус со еднаква посветеност работи на создавање пријатна, модерна и топла атмосфера, каде уживањето во храната е вистинско доживување. Во кујната, сè се подготвува по највисоки стандарди, а храната секогаш се сервира со љубезност и насмевка. Фитнес Хаус продолжува да расте заедно со своите гости, со мисија да создаде простор каде секој ќе се чувствува како дома.

Моментално се отворени овие позиции:

Келнер/ка - Шанкер/ка - нас.Аеродром
Готвач/ка - Помошник Готвач/ка - Аеродром
Салатер/ка - Центар
Салатер/ка - Помошник Готвач/ка - Аеродром

Доколку сакате да бидете дел од семејството на Фитнес Хаус не се двоумете и аплицирајте веднаш!

Тагови: Фитнес Хаус Дооел - Скопје

Промовирани огласи »

Турскиот чај: Тајната зад пијалокот кој се пие цела година

Иако летото во Турција знае да биде екстремно топло, жителите и понатаму пијат топол чај.

Во Турција, чајот е многу повеќе од обичен пијалак – тој е дел од секојдневната култура, начин на комуникација и симбол на гостопримство. Се служи насекаде и во секое време – од утро до вечер, во домови, канцеларии, улици и дури автомеханичарски работилници. Разговорите, деловните преговори и семејните средби најчесто започнуваат и завршуваат со чај.

Иако летото во Турција знае да биде екстремно топло, жителите и понатаму пијат топол чај. Тоа е прашање на навика, но и на физиологија – топлиот чај го поттикнува потењето, што му помага на телото полесно да се лади и адаптира на високите температури. Ова е природен механизам кој овозможува чувство на свежина, за разлика од ладните пијалаци кои често го „шокираат“ организмот.

Подготовката на чајот е мал ритуал. Се користи специјален чајник „çaydanlık“, а секој може да си ја прилагоди јачината по вкус. Најквалитетниот чај се одгледува во Ризе, на бреговите на Црното Море, каде што климата и почвата се совршени. Таму велат дека чајот е толку добар што не му треба ниту шеќер, ниту лимон. Не е чудно што Турците пијат повеќе од 1.000 шолји чај по човек годишно.

Тагови: традиции туристи Турција чај

Промовирани огласи »

Netflix, попусти и уште многу – UniQ пакетот за млади на УНИБанка знае што ти треба

Netflix гратис? УНИБанка знае што сакаат младите!

Воведувањето на младите во финансискиот свет преку обезбедување на специјално дизајнирани  банкарски пакети не е само начин на управување со парите туку и ги подготвува младите да ја трасираат својата финансиска независност и иднина.

Со цел да поттикне финансиска независност кај младите и можност за безбедно и едноставно плаќање УНИБанка АД Скопје воведува уникатен пакет наречен UniQ. Пакетот е за млади од 15 до 25 години и нуди многу поволности.

Младите со аплицирањето за пакетот добиваат бесплатна Mastercard® дебитна картичка за млади, бесплатно одржување на сметка, бесплатно УНИ СМС известување, дозволено пречекорување во износ од 15.000 денари без административен трошок одобрено без жиранти - само со индекс, како и бесплатна три месечна претплата на Netflix за нови клиенти.

А дополнително се добиваат и попусти и специјални промоции кај избрани трговци.

Овој пакет нуди многу поволности, прилагодени на потребите на младите, со што УНИБанка АД Скопје уште еднаш покажа дека е Банка за младите, доверлива финансиска институција која ги разбира нивните потреби и им дава поддршка во процесот на созревање, растење и нивно обликување во одговорни, мотивирани и независни возрасни личности.

Средношколците, студентите и вработените на возраст од 15-25 години, преку UniQ пакетот добиваат значајна поддршка во период кога се полни со идеи, очекувања и кога мали успеси ги носат поблиску до големите соништа, период кога е важно да се стекне самодоверба, да може да се одговори на сите предизвици.

За UniQ пакетот може да аплицира секое лице на возраст од 15-25 години, со тоа што за лицата под 18 години пакетот не вклучува дозволено пречекорување и Netflix претплата. Бесплатната претплата за Netflix важи и доколку веќе сте корисник на Netflix. Со навршување на 25 години возраст, престанува користењето на пакетот.

За повеќе информации и други новитети следи не на социјалните мрежи:

Facebook Instagram TikTok 

Искористи ја поволноста! Биди и ти UniQ...

Поддршката започнува во УНИБанка!

Тагови: УНИ БАНКА АД

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »