KARIERA.mk на кариерниот ден на АУЕ-ФОН: Поврзување, можности и кафе со вкус на кариера!
KARIERA.mk беше дел од кариерниот ден организиран од АУЕ-ФОН универзитет, каде што се сретнавме со голем број студенти и претставници од реномирани компании – вклучувајќи ја и нашата платформа како активен учесник.
Имавме можност да ги запознаеме студентите со МојаKARIERA картичката, да ги споделиме нејзините предности, и секако за секој студент следуваше МојаKARIERA PRO картичка – и се дружевме со едно вистинско КАРИЕРА кафе.
Што добиваш ако ја активираш МојаKARIERA картичката?
Препорака кај компании (BASIC):
- Твоето CV ќе биде директно препорачано до компании каде твојот профил одговара. Со одличната мрежа на партнери на KARIERA.mk, твојата потрага по идеалното работно место станува побрза и поефикасна.
Професионална проверка на CV (PRO):
- Нашиот тим од професионалци секојдневно прегледува стотици биографии. Со картичката добиваш персонализирана анализа на твоето CV, со конкретни совети за подобрување и максимално претставување пред работодавците.
Погледнете дел од атмосферата – галерија со фотографии во продолжение!
Тагови: Кариера Онлајн