Промовирани огласи »

Купувај пред 25 април: Цените на „Тему“ и „Шејн“ ќе пораснат

Компаниите ги охрабруваат потрошувачите да купуваат по актуелните, пониски цени додека сè уште се достапни, со цел да избегнат дополнителни трошоци.

Кинеските онлајн гиганти „Тему“ и „Шејн“ објавија дека од 25 април ќе следи зголемување на цените на нивните производи, како резултат на новите царински давачки воведени од страна на САД. Компаниите ги охрабруваат потрошувачите да купуваат по актуелните, пониски цени додека сè уште се достапни, со цел да избегнат дополнителни трошоци.

Во официјалното соопштение, „Тему“ и „Шејн“ истакнаа дека поради промените во глобалната трговија и зголемувањето на оперативните трошоци, се принудени да направат корекција на цените. Компаниите уверуваат дека и покрај поскапувањето, квалитетот на производите нема да биде компромитиран, и дека ќе продолжат да нудат разновидна понуда – од играчки до електроника.

Причината за оваа промена е неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, со која се укинува поволноста за увоз на пакети под 800 долари од Кина и Хонг Конг без царина. Оваа мерка има за цел да го ограничи дотокот на евтини производи од странство и сериозно го загрозува постојниот бизнис модел на овие платформи.

Тагови: онлајн купување цени

Промовирани огласи »

Кинеска компанија воведува „нерасположени денови“ за подобар work-life баланс

Ју Донглај изјави дека вработените треба самите да одлучат кога им е потребен одмор, а компанијата треба да го охрабрува тоа

За време на China Supermarket Week 2024, основачот на кинескиот синџир супермаркети Pang Dong Lai, Ју Донглај, објави дека вработените ќе имаат право на дополнителни десет слободни денови кои ќе можат да ги искористат кога не се во добра ментална или емоционална состојба. Тој ги нарече овие денови „нерасположени денови“ и потенцираше дека не е неопходно да се доаѓа на работа кога не се чувствуваме добро.

Ју Донглај изјави дека вработените треба самите да одлучат кога им е потребен одмор, а компанијата треба да го охрабрува тоа. Тој нагласи дека одбивањето на ваквите денови од страна на менаџментот ќе се смета за прекршување. Целта е не само да се подобри моралот, туку и да се поттикне продуктивноста преку урамнотежен начин на живот.

Во Кина долго време постои култура на долги работни часови што негативно влијае врз здравјето и мотивацијата на вработените. Затоа, ваквата одлука на Pang Dong Lai беше дочекана со позитивни реакции на социјалните мрежи, при што многумина ја гледаат како прогресивен чекор кон поголема грижа за благосостојбата на вработените.

Тагови: неплатен одмор слободни денови

Промовирани огласи »

Што симболизира првото црвено јајце за Велигден?

Првото јајце секогаш се бојадисува во црвена боја, која го симболизира Христовото страдање и неговата жртва за човештвото.

На Велики Четврток, верниците со длабока почит и радост го одбележуваат еден од најубавите и најсимболични обичаи – фарбањето на велигденските јајца. Првото јајце секогаш се бојадисува во црвена боја, која го симболизира Христовото страдање и неговата жртва за човештвото. Тоа црвено јајце се чува покрај иконата во домот, како заштита и благослов за целото семејство сè до следниот Велигден. Овој чин, покрај својата религиозна длабочина, носи и радост и креативност, особено кај децата кои активно учествуваат во украсувањето, претворајќи го обичајот во семеен ритуал исполнет со љубов и топлина.

Овој ден, покрај украсувањето на јајцата, е и време за духовна подготовка. Велики Четврток го одбележува споменот на Тајната вечера на Исус Христос со апостолите и воведувањето на Светата Причест, што го прави денот особено значаен за верниците. Посетата на црква, молитвата и внатрешната тивка посветеност претставуваат начин за духовно прочистување и приближување до вистинската смисла на Велигден. Иако не постои строго правило за бројот на јајца што треба да се фарбаат, традицијата вели дека треба да има по едно за секој член на семејството, неколку за гости, пријатели, па дури и повеќе ако домаќинството сака да создаде богато украсена велигденска корпа.

Фарбањето традиционално се прави на Велики Четврток, рано наутро, веднаш по изгрејсонце, бидејќи се верува дека токму тогаш офарбаното црвено јајце има посебна благословена моќ. Доколку тоа не е можно, фарбањето може да се изврши и на Велика Сабота, но сепак четвртокот останува „правилниот“ ден според народното и црковното предание. Така, Велики Четврток станува не само ден на обичај, туку и симбол на поврзаност, духовност и подготовка за најголемиот христијански празник – Велигден.

Тагови: велигден обичаи традиции

Промовирани огласи »

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација одвои над 1.000.000 денари за традиционалните велигденски ваучери

КС Групацијата во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт и оваа година на сите свои вработени им подели велигденски вредносни ваучери.

КС Групација одвои над 1.000.000 денари за традиционалните велигденски ваучери. Вработените имаа можност да изберат помеѓу ваучер од Голд Фелициа, ваучер од МинтИнс и ваучер од маркет. Со ваучерите групацијата им го честита големиот христијански празник Велигден на своите вработени. 

Вработените се најважниот ресурс во работењето на секоја компанија и затоа заслужуваат да бидат ценети и вреднувани. 
Менаџерскиот тим на КС Групација секогаш наоѓа начин како да им изрази благодарност на своите вработени за нивната посветеност кон работата. Ваучерите се само мал знак на внимание со кој групацијата покажува поддршка и почит кон своите вработени.

КС Групација ќе продолжи и во иднина да ги поддржува своите вработени бидејќи тие се главната карика во целосното компаниско работење.

Тагови: КС Групација

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »