Интервјуата за работа можат да бидат стресни, но ако однапред знаете што да очекувате, ќе имате многу поголеми шанси да оставите одличен прв впечаток. Постојат неколку прашања што се појавуваат речиси на секое интервју – без разлика дали аплицирате за административна позиција, дизајнер, програмер или менаџер. Еве ги 5-те најчести прашања и совети како да одговорите на нив:
1. Кажете ни нешто за себе.
Ова е моментот да се претставите – кратко, концизно и професионално. Не раскажувајте ја целата биографија. Фокусирајте се на вашето образование, искуство и клучни вештини кои се релевантни за позицијата.
Совет: Помислете на ова прашање како на “мини-пич” за себе.
2. Зошто сакате да работите токму кај нас?
Тука се мери вашата мотивација и истражување. Покажете дека сте го разгледале нивниот веб сајт, вредности, производи или култура. Изразете искрен интерес за тимот или индустријата.
Совет: Поврзете ги вашите цели со мисијата на компанијата.
3. Кои се вашите најголеми слабости?
Класика. Трикот е да одберете нешто реално, но не пресудно за работата – и да покажете како работите на подобрување.
Совет: Пример: „Имав трема кога презентирам пред поголема група, но запишав курс по јавен настап и сега се чувствувам многу посигурно.“
4. Раскажете за момент кога се соочивте со предизвик и како го надминавте.
Овде се бара конкретен пример. Користете ја STAR техниката (Ситуација, Задача, Акција, Резултат) за да ја структурирате приказната.
Совет: Изберете ситуација поврзана со работата, каде што вашата одлука направила разлика.
5. Каде се гледате за 5 години?
Компаниите сакаат да знаат дали имате визија и дали ќе останете подолго. Избегнувајте премногу општи или нереални одговори.
Совет: Поврзете ја вашата професионална амбиција со развојот во рамки на таа компанија или индустрија.
На крај – Подгответе се, но останете природни.
Интервјуто не е само тест – тоа е разговор. Важно е да покажете самодоверба, ентузијазам и искрен интерес за работата. Со добра подготовка, ќе бидете чекор поблиску до вашето следно вработување!
Се уште го немате изградено тимот од соништата, прочитајте за 5 клучни совети како да изградите лојален и мотивиран тим
Тагови: интервју за работа