Промовирани огласи »

Што симболизира првото црвено јајце за Велигден?

Првото јајце секогаш се бојадисува во црвена боја, која го симболизира Христовото страдање и неговата жртва за човештвото.

На Велики Четврток, верниците со длабока почит и радост го одбележуваат еден од најубавите и најсимболични обичаи – фарбањето на велигденските јајца. Првото јајце секогаш се бојадисува во црвена боја, која го симболизира Христовото страдање и неговата жртва за човештвото. Тоа црвено јајце се чува покрај иконата во домот, како заштита и благослов за целото семејство сè до следниот Велигден. Овој чин, покрај својата религиозна длабочина, носи и радост и креативност, особено кај децата кои активно учествуваат во украсувањето, претворајќи го обичајот во семеен ритуал исполнет со љубов и топлина.

Овој ден, покрај украсувањето на јајцата, е и време за духовна подготовка. Велики Четврток го одбележува споменот на Тајната вечера на Исус Христос со апостолите и воведувањето на Светата Причест, што го прави денот особено значаен за верниците. Посетата на црква, молитвата и внатрешната тивка посветеност претставуваат начин за духовно прочистување и приближување до вистинската смисла на Велигден. Иако не постои строго правило за бројот на јајца што треба да се фарбаат, традицијата вели дека треба да има по едно за секој член на семејството, неколку за гости, пријатели, па дури и повеќе ако домаќинството сака да создаде богато украсена велигденска корпа.

Фарбањето традиционално се прави на Велики Четврток, рано наутро, веднаш по изгрејсонце, бидејќи се верува дека токму тогаш офарбаното црвено јајце има посебна благословена моќ. Доколку тоа не е можно, фарбањето може да се изврши и на Велика Сабота, но сепак четвртокот останува „правилниот“ ден според народното и црковното предание. Така, Велики Четврток станува не само ден на обичај, туку и симбол на поврзаност, духовност и подготовка за најголемиот христијански празник – Велигден.

Тагови: велигден обичаи традиции

Промовирани огласи »

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација одвои над 1.000.000 денари за традиционалните велигденски ваучери

КС Групацијата во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт и оваа година на сите свои вработени им подели велигденски вредносни ваучери.

КС Групација одвои над 1.000.000 денари за традиционалните велигденски ваучери. Вработените имаа можност да изберат помеѓу ваучер од Голд Фелициа, ваучер од МинтИнс и ваучер од маркет. Со ваучерите групацијата им го честита големиот христијански празник Велигден на своите вработени. 

Вработените се најважниот ресурс во работењето на секоја компанија и затоа заслужуваат да бидат ценети и вреднувани. 
Менаџерскиот тим на КС Групација секогаш наоѓа начин како да им изрази благодарност на своите вработени за нивната посветеност кон работата. Ваучерите се само мал знак на внимание со кој групацијата покажува поддршка и почит кон своите вработени.

КС Групација ќе продолжи и во иднина да ги поддржува своите вработени бидејќи тие се главната карика во целосното компаниско работење.

Тагови: КС Групација

Промовирани огласи »

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Малите, средните и големите трговци ќе треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, но микротрговците се изземени од оваа обврска.

Од 18 април, новите регулативи внесуваат промени во начинот на објавување на цените, објави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според новиот Правилник, сите трговци кои вршат малопродажба ќе мора да ги обновуваат цените на своите веб-страници на дневно ниво, со исклучок на оние со помалку од 10 вработени.

  • Министерот Дурмиши истакна дека „градјаните ќе можат да изберат каде да ги трошат своите пари, бидејќи истите ќе можат да споредат во кој маркет имаат најниски цени“. Се очекува, оваа нова мерка да доведе до натамошно намалување на цените во наредниот период.

Овој Правилник бара цените да бидат лесно достапни на веб-страниците на трговците, без потреба од регистрација. Ценовниците мора содржат детални информации за производите, вклучувајќи и промотивни цени и услови. Во случај на грешки, трговците имаат рок од 24 часа да ги коригираат истите.

Тагови: маркети онлајн купување

Промовирани огласи »

5 клучни прашања што се поставуваат на секое интервју за работа

Секое интервју ги содржи – но никој не те учи како да одговориш

Интервјуата за работа можат да бидат стресни, но ако однапред знаете што да очекувате, ќе имате многу поголеми шанси да оставите одличен прв впечаток. Постојат неколку прашања што се појавуваат речиси на секое интервју – без разлика дали аплицирате за административна позиција, дизајнер, програмер или менаџер. Еве ги 5-те најчести прашања и совети како да одговорите на нив:

1. Кажете ни нешто за себе.

Ова е моментот да се претставите – кратко, концизно и професионално. Не раскажувајте ја целата биографија. Фокусирајте се на вашето образование, искуство и клучни вештини кои се релевантни за позицијата.

Совет: Помислете на ова прашање како на “мини-пич” за себе.

2. Зошто сакате да работите токму кај нас?

Тука се мери вашата мотивација и истражување. Покажете дека сте го разгледале нивниот веб сајт, вредности, производи или култура. Изразете искрен интерес за тимот или индустријата.

Совет: Поврзете ги вашите цели со мисијата на компанијата.

3. Кои се вашите најголеми слабости?

Класика. Трикот е да одберете нешто реално, но не пресудно за работата – и да покажете како работите на подобрување.

Совет: Пример: „Имав трема кога презентирам пред поголема група, но запишав курс по јавен настап и сега се чувствувам многу посигурно.“

4. Раскажете за момент кога се соочивте со предизвик и како го надминавте.

Овде се бара конкретен пример. Користете ја STAR техниката (Ситуација, Задача, Акција, Резултат) за да ја структурирате приказната.

Совет: Изберете ситуација поврзана со работата, каде што вашата одлука направила разлика.

5. Каде се гледате за 5 години?

Компаниите сакаат да знаат дали имате визија и дали ќе останете подолго. Избегнувајте премногу општи или нереални одговори.

Совет: Поврзете ја вашата професионална амбиција со развојот во рамки на таа компанија или индустрија.

На крај – Подгответе се, но останете природни.

Интервјуто не е само тест – тоа е разговор. Важно е да покажете самодоверба, ентузијазам и искрен интерес за работата. Со добра подготовка, ќе бидете чекор поблиску до вашето следно вработување!

Се уште го немате изградено тимот од соништата, прочитајте за 5 клучни совети како да изградите лојален и мотивиран тим

Тагови: интервју за работа

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »