Промовирани огласи »

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Малите, средните и големите трговци ќе треба да ги објавуваат цените на своите веб-страници, но микротрговците се изземени од оваа обврска.

Од 18 април, новите регулативи внесуваат промени во начинот на објавување на цените, објави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според новиот Правилник, сите трговци кои вршат малопродажба ќе мора да ги обновуваат цените на своите веб-страници на дневно ниво, со исклучок на оние со помалку од 10 вработени.

  • Министерот Дурмиши истакна дека „градјаните ќе можат да изберат каде да ги трошат своите пари, бидејќи истите ќе можат да споредат во кој маркет имаат најниски цени“. Се очекува, оваа нова мерка да доведе до натамошно намалување на цените во наредниот период.

Овој Правилник бара цените да бидат лесно достапни на веб-страниците на трговците, без потреба од регистрација. Ценовниците мора содржат детални информации за производите, вклучувајќи и промотивни цени и услови. Во случај на грешки, трговците имаат рок од 24 часа да ги коригираат истите.

Тагови: маркети онлајн купување

Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во Халкбанк!

Вработување во Халкбанк!

Халкбанк е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Лидери во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување на нови технологии и обезбедување на брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.

Моментално вработува:

Референт/Самостоен референт во дирекција за кредитни политики
Референт во Одделение за Хелп 24/7 Кол Центар
Референт во Дирекција за наплата на ризични побарувања
Референт во Дирекција платен птомет во земјата/операции
Помлад референт за банкарски операции во Скопје

Се уште невработени?! Сите останати огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА!

Тагови: ХАЛК БАНКА АД Скопје

Промовирани огласи »

5 клучни прашања што се поставуваат на секое интервју за работа

Секое интервју ги содржи – но никој не те учи како да одговориш

Интервјуата за работа можат да бидат стресни, но ако однапред знаете што да очекувате, ќе имате многу поголеми шанси да оставите одличен прв впечаток. Постојат неколку прашања што се појавуваат речиси на секое интервју – без разлика дали аплицирате за административна позиција, дизајнер, програмер или менаџер. Еве ги 5-те најчести прашања и совети како да одговорите на нив:

1. Кажете ни нешто за себе.

Ова е моментот да се претставите – кратко, концизно и професионално. Не раскажувајте ја целата биографија. Фокусирајте се на вашето образование, искуство и клучни вештини кои се релевантни за позицијата.

Совет: Помислете на ова прашање како на “мини-пич” за себе.

2. Зошто сакате да работите токму кај нас?

Тука се мери вашата мотивација и истражување. Покажете дека сте го разгледале нивниот веб сајт, вредности, производи или култура. Изразете искрен интерес за тимот или индустријата.

Совет: Поврзете ги вашите цели со мисијата на компанијата.

3. Кои се вашите најголеми слабости?

Класика. Трикот е да одберете нешто реално, но не пресудно за работата – и да покажете како работите на подобрување.

Совет: Пример: „Имав трема кога презентирам пред поголема група, но запишав курс по јавен настап и сега се чувствувам многу посигурно.“

4. Раскажете за момент кога се соочивте со предизвик и како го надминавте.

Овде се бара конкретен пример. Користете ја STAR техниката (Ситуација, Задача, Акција, Резултат) за да ја структурирате приказната.

Совет: Изберете ситуација поврзана со работата, каде што вашата одлука направила разлика.

5. Каде се гледате за 5 години?

Компаниите сакаат да знаат дали имате визија и дали ќе останете подолго. Избегнувајте премногу општи или нереални одговори.

Совет: Поврзете ја вашата професионална амбиција со развојот во рамки на таа компанија или индустрија.

На крај – Подгответе се, но останете природни.

Интервјуто не е само тест – тоа е разговор. Важно е да покажете самодоверба, ентузијазам и искрен интерес за работата. Со добра подготовка, ќе бидете чекор поблиску до вашето следно вработување!

Се уште го немате изградено тимот од соништата, прочитајте за 5 клучни совети како да изградите лојален и мотивиран тим

Тагови: интервју за работа

Промовирани огласи »

DELL и ИТД – Безгрижно корисничко искуство!

Разговор со Александар Боцески, Бренд Менаџер на DELL во ИТД Дистрибуција

Во светот на технологијата, каде што довербата и иновациите се клучни фактори за успех. ИТД Дистрибуција, како водечки дистрибутер на DELL производи во Македонија, има значајна улога во овозможувањето на најновите технолошки решенија на нашиот пазар. Разговараме со Александар Боцески, бренд менаџер за DELL во ИТД, за мотивацијата во неговата работа, улогата на компанијата во развојот на DELL решенијата и новостите како што е CIS гаранцијата, која овозможува поголема сигурност и флексибилност за корисниците.

  • Александар, што најмногу Ве мотивира во секојдневната работа како бренд менаџер за DELL во ИТД?

Мојата најголема мотивација произлегува од можноста да бидам дел од постојаните технолошки иновации што DELL ги носи на пазарот. Работам со производи кои директно влијаат на подобрување на продуктивноста и ефикасноста на крајните корисници. Дополнително, ме мотивираат тимската работа и блиската соработка со нашите партнери, како и предизвикот да ги доближиме врвните DELL производи и технологии до што повеќе клиенти во Македонија.

  • Каква е улогата на ИТД во поддршката и развојот на DELL производите и услугите на нашиот пазар?

Како ексклузивен дистрибутер на DELL производите во Македонија веќе 18 години, улогата на ИТД Дистрибуција е клучна во обезбедувањето на нивната достапност, поддршка и развој. Нудиме целосна техничка и продажна поддршка, логистика и обуки за нашите партнери и крајните корисници. Нашата цел е да ја зголемиме свесноста за врвните DELL производи и решенија и да обезбедиме корисниците да добијат највисоко ниво на услуга и поддршка.

  • Гаранцијата за DELL производите е 3 години, но постои и опција за продолжување за дополнителна година. Како функционира овој процес и по што се разликува од другите брендови?

Една од клучните предности на DELL како премиум бренд во споредба со другите брендови е стандардната 3-годишна гаранција, додека повеќето конкуренти нудат само 1 или 2 години. Дополнително, корисниците за мал надомест имаат можност да ја продолжат гаранцијата за уште една или две години во зависност од моделот, овозможувајќи вкупно до 5 години заштита.

Процесот е едноставен и достапен преку нашата партнерска мрежа или директно преку нашиот call центар. Пред истекот на основната гаранција, корисниците можат да изберат продолжување, со што добиваат дополнителна сигурност и подолготрајна техничка поддршка. Оваа услуга значително ги намалува потенцијалните неочекувани трошоци и обезбедува безгрижно користење на DELL уредите најмалку 5 години.

  • CIS гаранција на DELL лаптопите – новитет во ИТД. Што значи тоа за купувачите?

Ни преставува особена чест и задоволство што DELL ја препозна нашата посветеност и професионалност во креирањето врвно корисничко искуство кај клиентите и го промовираше нашиот Сервисен Центар во единствен DELL CIS Сервисен центар во Македонија и регионот овозможувајќи повисоко ниво на гаранција на уредите купени преку нашата продажна мрежа и партнерите: Македонски Телеком, А1, Нептун, Сетек и Анхоч. Ова надградено ниво на гаранција на DELL уреди кои ќе бидат донесени директно во овластениот DSP (DELL Service Provider) центар на ИТД Дистрибуција за поправка или надградба, носи значително подобрено искуство и го менува начинот на кој корисниците добиваат техничка поддршка и сервис на следниве начини:

  • Локална Remote поддршка – Сите крајни корисници што купиле опрема со CIS гаранција од нашите партнери добиваат бесплатна Remote техничка подршка на нашиот Call центар за следново:

- online хардверска дијагностика

- online инсталација на драјвери

- online решавање на можни софтверски проблеми

- помош за користење на официјалните DELL алатки: DELL Assistant, DELL Optimizer, DELL SupportAssist итн.

  • Двојно побрза испорака на резервни делови – Благодарение на CIS гаранцијата и соработката со DELL преку DLP (Designated Logistics Partner), резервните делови пристигнуваат во рок од макс. 10 дена, што е најмалку двојно побрзо од претходно.
  • Комплетна сервисна услуга – Тестирање и дијагностика, поправки на хардверски дефекти, замена на неисправни делови, работна рака и сè тоа покриено од ИТД како сервисер.

Со оваа новост, DELL и ИТД обезбедуваат побрзо решавање на проблемите и повисоко ниво на сигурност за крајните корисници. Ова ја нагласува посветеноста на DELL кон корисничкото задоволство и ја зајакнува довербата во брендот. Нашата мисија е да им обезбедиме на клиентите безгрижно искуство, каде и да се наоѓаат.

За ИТД Дистрибуција

ИТД Дистрибудија ДОО е големопродажен дистрибутер на ИТ производи и услуги, потрошен материјал, хартија за фотокопирање и графички материјали. Компанијата е овластен дистрибутер на DELL, HP, Fortinet, Check Point, Commvault, Gatewatcher, Barracuda, Imperum, Vertiv, APC, Microsoft, Gigabyte, Verbatim, TP-Link, Tysso, Netis, Genius, Marvo, Xerox, Fabriano, MURATLI Karton, Artic Paper, Lepenka и многу други. На македонскиот пазар почнува со работа во 2007 година, како дел од Infosoft Group. Infosoft Group има повеќе од 30 години искуство, со компании на пазарот во Македонија, Албанија и Косово. За повеќе информации посетете ја веб-страницата на ИТД на www.itd.mk.

Тагови: ИТД Дистрибуција ДОО Скопје

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »