Промовирани огласи »

Вработување во ВДЛ Бус Македонија!

Огласи за работа во ВДЛ Бус Македонија !

ВДЛ Бус Македонија е дел од реномираниот белгиски производител на автобуси Van Hool, со децениско искуство и традиција во изработката на висококвалитетни возила за јавен транспорт. Компанијата е стратешки лоцирана во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во индустриската зона Бунарџик, општина Илинден.

Со современи производствени капацитети и технолошки напреден процес, Ван Хоол Македонија претставува еден од најважните странски инвеститори во земјата, обезбедувајќи стабилни работни места за стотици вработени. Главната дејност на компанијата е производство на различни типови автобуси – градски, меѓуградски и туристички, кои се пласираат на светскиот пазар.

Моментално вработува:

Хигеничари - фарбара
Автолакер - Фарбара
Финансиски аналитичар
Администратор за царински постапки
Контролор на залихи

Присуството на ВДЛ Бус Македонија претставува пример за успешно странско вложување, кое комбинира европско инженерство со локален потенцијал, истовремено придонесувајќи за економскиот развој на регионот и за јакнење на македонската индустриска база.

Сите останати активни позиции на ВДЛ Бус Македонија  можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ВДЛ Бус Македонија Дооел

Промовирани огласи »

Успешно заокружен KARIERA DAYS Vol.3: Нова димензија на кариерно вмрежување во East Gate Mall

Пропуштивте? Еве што се случуваше на KARIERA DAYS Vol.3 изминатиов викенд!

Изминатиот викенд, East Gate Mall беше домаќин на најголемиот кариерен настан во земјата – KARIERA DAYS Vol.3. Во организација на KARIERA.mk  и East Gate Mall, овој настан на 15 и 16 мај понуди два дена исполнети со професионални можности, директни интервјуа и многу инспирација за сите кои сакаат да направат чекор напред во својата кариера.

Главниот фокус на настанот беа компаниите кои со својата визија и отворени позиции привлекоа стотици посетители. Огромна благодарност до сите партнери кои го направија овој настан возможен и понудија реална шанса за вработување:

На своите штандови, посетителите ги пречекаа тимовите на:

  • Макстил и ВДЛ Бус Македонија – како претставници на индустрискиот гигант и производството;
  • Lidl, Жито Маркети и КАМ Маркет – лидерите во секторот на маркети;
  • Fashion Group и LPP – за сите вљубеници во модната индустрија;
  • Адмирал и KFC – кои донесоа енергија од секторот услуги и угостителство;
  • Credi-Yes, Винком, Транском и Мотиви – клучните играчи во финансискиот и бизнис секторот;
  • УТМС Скопје – кои ги презентираа образовните патеки за идните професионалци;
  • Светот на Колорес и ФС Штампа ХИЛ – креативниот центар на настанот;
  • East Gate Mall – како домаќин и партнер на ова успешно издание.

Ова издание на KARIERA DAYS стави посебен акцент на практичноста. Преку популарните speed interview сесии, кандидатите имаа „брзи состаноци“ со работодавците, што се покажа како најефикасен начин за првична селекција на таленти.

Покрај официјалните разговори, атмосферата беше збогатена со интерактивни активности, каде преку „Тркалото на среќата“ посетителите освојуваа награди, но и добиваа вредни совети за тоа како да го подобрат своето претставување на пазарот на труд.

KARIERA DAYS Vol.3 заврши со стотици пополнети апликации, остварени пријателства и професионални вмрежувања. Благодарност до сите компании и посетители кои беа дел од оваа успешна приказна.

Продолжуваме заедно кон нови кариерни победи! Се гледаме на следното издание!

Тагови: kariera days креативност саем за вработување успешни компании

Промовирани огласи »

Компаниите сакаат вработени што знаат да работат „попаметно“

Ова е причината зошто некои работат помалку, а постигнуваат повеќе

Компаниите денес сè помалку бараат луѓе што само „работат многу“, а сè повеќе луѓе што знаат да работат „попаметно“.

Во ерата на вештачка интелигенција, дигитални алатки и автоматизација, продуктивноста повеќе не се мери само по часови работа, туку по тоа колку ефикасно се користат ресурсите, технологијата и времето.

Работните задачи што порано бараа цел тим, денес може да се завршат со неколку алатки и еден човек што знае како да ги искористи. Токму затоа компаниите сè повеќе го менуваат начинот на кој ги оценуваат кандидатите.

Наместо класично прашање „колку искуство имате?“, денес сè почесто се поставува прашањето:

  • Како решавате проблеми?
  • Дали користите AI и дигитални алатки?
  • Колку брзо учите нови технологии?
  • Дали знаете да автоматизирате процеси?

Овој тренд е особено видлив во маркетинг, IT, HR и аналитика, каде AI алатките веќе станаа дел од секојдневната работа.

„Попаметна работа“ не значи помалку труд туку подобра стратегија. Вклучува:

  • Користење AI за рутински задачи
  • Автоматизација на повторувачки процеси
  • Фокус на креативни и аналитички задачи
  • Подобро управување со време
  • Донесување побрзи и попрецизни одлуки

Компаниите кои инсистираат на овој пристап сакаат вработени што не само што извршуваат задачи, туку и ги подобруваат процесите.

Во суштина, пазарот на труд влегува во нова фаза: од „hard work“ кон „smart work“. А најбараните кандидати се оние што знаат да ги комбинираат човечките вештини со моќта на технологијата.

Прочитајте и за: General Motors отпушти стотици IT вработени, а истовремено отвора нови позиции поврзани со AI, data engineering и cloud технологии

Тагови: HR трендови

Промовирани огласи »

Полицијата викендов санкционирала над 1.000 сообраќајни прекршоци: Уапсени 34 возачи и одземени 23 возила

Над 30 лица уапсени за два дена! Што се случува на македонските патишта?

Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Од МВР информираат дека лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на алкохол, 24 за возење без возачка дозвола, еден поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени биле и 23 возила.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 164 прекршоци за неправилно паркирање, како и 29 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 107 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и пет пешаци. Исто така санкционирани се 99 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 15 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и двајца возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочија од МВР.

Тагови: Министерството за внатрешни работи-(МВР) полиција сообраќаен прекршок

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »