Промовирани огласи »

Меѓународна возачка дозвола: Каде е потребна и кои документи ви се потребни?

Проверете дали ви е потребна меѓународна возачка дозвола!

Доколку планирате патување во странство и сакате да управувате моторно возило надвор од државата, можеби ќе ви биде потребна меѓународна возачка дозвола. Овој документ се издава согласно со Меѓународната конвенција за сообраќај на патиштата, усвоена во Виена во 1968 година, и претставува официјален превод на вашата национална возачка дозвола.

Важно е да се знае дека меѓународната возачка дозвола издадена во Македонија не важи на територијата на државата, туку се користи исклучиво во странство. Исто така, лицата на кои им е изречена забрана за управување со моторно возило немаат право да добијат меѓународна возачка дозвола додека трае санкцијата.

Во кои земји не е потребна?

Согласно билатералните договори што ги има државата, македонските возачи не мора да поседуваат меѓународна возачка дозвола за управување возило во:

  • Албанија
  • Босна и Херцеговина
  • Германија
  • Италија
  • Косово
  • Србија
  • Црна Гора
  • Шпанија

За сите останати држави, меѓународната возачка дозвола е задолжителен документ.

Потребни документи за аплицирање

За издавање на меѓународна возачка дозвола потребно е да приложите:

  • Важечка национална возачка дозвола
  • Лична карта или пасош за идентификација
  • Две фотографии со димензии 45 x 35 мм
  • Потврда од Министерството за внатрешни работи за прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило

Постапката бара лично присуство на апликантот.

Рок на важност

Меѓународната возачка дозвола има важност до три години од денот на издавање, односно до истекот на националната возачка дозвола доколку таа истекува порано.

Доколку патувате во земја каде што овој документ е задолжителен, препорачливо е навреме да ја започнете постапката за негово издавање и да ги подготвите сите потребни документи.

Тагови: лична карта меѓународна возачка дозвола Министерството за внатрешни работи-(МВР)

Промовирани огласи »

Работни позиции кои веќе не постојат

Доставувачи на млеко, палачи на улични светилки, читачи во фабриките и телефонски оператори - работни позиции кои исчезнаа!

Застарените професии исчезнаа со развојот на модерната инфраструктура и технологија.

Доставувачите на млеко, палечите на улични светилки, читачите во фабриките и телефонските оператори некогаш имаа важна улога во секојдневниот живот. Тие ги задоволуваа основните потреби на општеството пред појавата на фрижидерите, електричното осветлување, будилниците и автоматските телефонски системи.

Истата судбина ги снајде и многу други работни позиции, како сечењето и доставата на мраз или телеграфските услуги. Овие работни места постоеја сè додека новите машини, мрежи и уреди не понудија побрзи, поефикасни и подостапни решенија. Со напредокот на технологијата, потребата од овие услуги постепено исчезна, а со тоа исчезнаа и самите професии.

Денес сме сведоци на нова технолошка револуција предводена од вештачката интелигенција (AI). Како и во минатото, одредени работни позиции ќе се трансформираат или ќе исчезнат, но истовремено ќе се создадат и сосема нови професии кои денес можеби не ни постојат. Историјата покажува дека секоја технолошка ера носи промени на пазарот на трудот некои работни места се укинуваат, а други се раѓаат.

Затоа, најважната вештина на иднината нема да биде само техничкото знаење, туку способноста за учење, адаптација и прифаќање на промените. Технологијата ги менува професиите, но потребата од човечки талент, креативност и иновација останува.

Прочитајте и за: HR тренд: Mental health програмите стануваат нов стандард во компаниите

Тагови: AI работа технолошка револуција

Промовирани огласи »

Од 1 јули 2026 ЕУ воведува нова давачка за онлајн купување: 3 евра по производ

Новите правила во ЕУ носат дополнителен трошок за секој производ нарачан онлајн од земји надвор од Унијата. Еве што значи тоа за купувачите, испораките и враќањето на стоката

Од 1 јули 2026 година, во сите земји-членки на Европската Унија ќе се применува нова царинска давачка од 3 евра за секој производ во пратка купена онлајн од земја што не е членка на ЕУ. Со ова се укинува досегашната практика според која пратките со вредност под 150 евра не подлежеа на царина. Тоа значи дека пакет со пенкало, тетратка и приврзок ќе носи дополнителен трошок од 9 евра, плус ДДВ, додека две идентични пенкала ќе се сметаат за еден производ и ќе се наплатува само една давачка.

Според новите правила, купувачите ќе можат да ја платат оваа давачка на два начина: или директно при купувањето, ако онлајн продавницата ја пресметува однапред, или при испорака, кога пошта или курирска служба ќе побара наплата пред предавање на пратката. Властите велат дека целта е да се создадат порамноправни услови за компаниите од ЕУ во однос на трговците од трети земји, а потрошувачите се советуваат внимателно да ги проверуваат условите за купување за да знаат кога и како ќе ги платат дополнителните трошоци.

Новата давачка ќе важи и ако производот подоцна се врати, при што таксата од 3 евра нема да се враќа, освен ако стоката е неисправна. Повратот на ДДВ, пак, ќе зависи од политиката на конкретната продавница. Царинска такса нема да се наплаќа само ако стоката веќе се наоѓа во ЕУ во моментот на нарачката, но експертите предупредуваат дека некои веб-страници можат да создадат впечаток дека работат од ЕУ иако стоката се испраќа од трета земја. Затоа, купувачите треба да ги проверуваат деловите „Услови за користење“ и „За нас“ пред да нарачаат.

Тагови: данок ДДВ ЕУ онлајн купување

Промовирани огласи »

Вработување во ВДЛ Бус Македонија!

Огласи за работа во ВДЛ Бус Македонија!

ВДЛ Бус Македонија е дел од реномираниот белгиски производител на автобуси Van Hool, со децениско искуство и традиција во изработката на висококвалитетни возила за јавен транспорт. Компанијата е стратешки лоцирана во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во индустриската зона Бунарџик, општина Илинден.

Со современи производствени капацитети и технолошки напреден процес, Ван Хоол Македонија претставува еден од најважните странски инвеститори во земјата, обезбедувајќи стабилни работни места за стотици вработени. Главната дејност на компанијата е производство на различни типови автобуси – градски, меѓуградски и туристички, кои се пласираат на светскиот пазар.

Моментално вработува:

Техничар за одржување
Техничари за греење, вентилација и климатизација
Фарбар
Фарбар за антикорозивна заштита
Припремач - фарбара

Присуството на ВДЛ Бус Македонија претставува пример за успешно странско вложување, кое комбинира европско инженерство со локален потенцијал, истовремено придонесувајќи за економскиот развој на регионот и за јакнење на македонската индустриска база.

Сите останати активни позиции на ВДЛ Бус Македонија  можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: ВДЛ Бус Македонија Дооел

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »