Познатиот магазин „Економист“ во јануари 1988 година предвиде дека за 30 години жителите на САД, Јапонија, Европа и богатите жители на други држави ќе користат единствена валута.

Експертите предвидувале дека националните валути до 2018 година ќе бидат нестабилни, а дека нивното место ќе го заземе некоја нова валута која ќе ја одобрат потрошувачите и компаниите.
Кон крајот на осумдусетите години на минатиот век предвидувањето изгледало прилично чудно, иако веќе тогаш почнало создавањето на монетарните сојузи, додека властите се обидувале да го контролираат системот на размена на курсеви и парични реформи, но нивните напори само ги плашеле пазарите, што довело до „црниот понеделник“ во октомври 1987 година.
По тој крах на пазарот, политичарите одлучиле да ја одложат соработката во сферата на курсеви, но со тоа станало уште појасно дека сите нови обиди ќе бидат неуспешни, се додека земјите не изгубат економски суверенитет.
„Економист“ пишувал дека во валутната зона на новите светски валути економската адаптација ќе се случува автоматски, а недостатокот на валутен ризик ќе ја стимулира трговијата, инвестицијата, и растот на ваботените.
Постоењето на единствена валута ќе донесе ограничување на националните влади, одземајќи им ја парично-кредитната политика, додека управата ќе премине на нова централна банка или ММФ.
Притоа секоја држава која ќе поседува нова валута ќе може да користи даноци и државни расходи за компензација со привремен пад на побарувачка, но за финансирање на својот буџетски дефицит ќе мора да земаат кредит, а не да печатат пари.