Околу една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво

Криза за гориво во Франција

Околу 18 проценти од бензинските пумпи во Франција утрово останаа без барем еден вид гориво, изјави портпаролката на владата и министерка за енергетика Мод Брежон.

Според неа, 83 проценти од пумпите што остана без гориво се пумпи на „ТоталЕнерџис“, кои во оваа ситуација ги ограничија цените на горивата на 1,99 евра за литар бензин и 2,09 евра за литар дизел, објави порталот „BFM TV“.

Брежон објави дека францускиот премиер Себастијан Лекорну во следните денови ќе претстави „нов пакет помош“ за горивата, но прецизираше дека помошта нема да биде универзална и дека нема да има замрзнување на цените.

Брежон рече дека пакетот ќе вклучува специфични мерки за помош на потрошувачите погодени од моменталната состојба на пазарот на горива.

Тагови: гориво светската криза Франција

Светски HR стратег Harbir Singh Rissam дел од Global HR Vision 2026

Оваа сесија не се пропушта

Подгответе се за извонредна сесија со Harbir Singh Rissam – еден од водечките стратези во областа на човечките ресурси на глобално ниво 

Кој е Harbir?

Global HR Business Partner во AstraZeneca (Велика Британија), професионалец кој своето искуство го градел во компании како Deloitte, управувајќи со HR стратегии и процеси за бизниси вредни стотици милиони долари.

Што го издвојува?

  • Повеќе од 16 години меѓународно искуство (Велика Британија, Сингапур, Индија)
  • Докажано лидерство во развој на таленти, инклузија и организациска трансформација
  • Препознатлив говорник на реномирани глобални HR настани

Неговата пасија е јасна – создавање вистинска вредност преку развој на луѓето. Токму затоа, ова е можност да добиете практични увиди од експерт кој работи во срцето на истражувањето и развојот во една од највлијателните компании во светот.

📌 Обезбедете го вашето место и бидете дел од иднината на HR! 🚀

Тагови: Global HR Vision HR трендови Harbir Singh Rissam

РКЕ ги соопшти новите цени на горивата, дизелот оди кон 100 денари за литар

Ќе важат од вечерва од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја донесе одлуката за највисоките малопродажни цени на горивата.

Истите ќе почнат да важат од вечерва од полноќ.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 95,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 51,311 (денари/килограм)

Доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе
беше повисока за 8,50 ден/лит, а дизелот за 12,00 ден/лит во однос на денешната одлука, односно максималните малопродажни цени на дериватите ќе изнесуваа:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 110,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)

Тагови: Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ) цени на горивата

Што HR не ви кажува на интервју а треба

Ова ќе посакате да го знаевте пред да ја прифатите работата

Интервјуто за работа често изгледа како „совршен разговор“ компанијата се претставува во најдобро светло, кандидатот исто така.

Но, вистината е: Постојат работи што ретко се кажуваат гласно. а можат да направат огромна разлика во вашата одлука.

1. Реалната работна култура

Ќе слушнете „одлична атмосфера“ и „тимска работа“, но:

  • Дали тимот е навистина поддржувачки?
  • Како се решаваат конфликти?
  • Дали се работат прекувремени (и дали се очекуваат)?

Културата не се гледа во презентација туку во секојдневие.

2. Вистинските очекувања од позицијата

Описот на работа често е „идеална верзија“.

Реалноста може да вклучува:

  • Дополнителни задачи
  • Притисок за рокови
  • Повеќе одговорности отколку што е наведено

3. Колку е навистина конкурентна платата

Фразата „конкурентна плата“ не значи многу.

Она што не се кажува:

  • Дали платата е во рамки на пазарот?
  • Како и колку често се зголемува?
  • Дали бонусите се реални или само на хартија?

4. Можностите за напредок (или нивниот недостаток)

„Имаме можности за развој“ звучи одлично но:

  • Колку луѓе навистина напредувале?
  • За колку време?
  • Дали постои јасна патека или е само ветување?

5. Зошто позицијата е отворена

Ова е едно од најважните прашања што ретко се објаснува детално:

  • Дали некој си заминал и зошто?
  • Дали тимот расте или има висок turnover?

Што можете да направите како кандидат?

Не чекајте само да ве проценуваат поставувајте прашања:

  • „Како изгледа еден типичен ден?“
  • „Што е најголемиот предизвик на оваа позиција?“
  • „Зошто претходниот вработен си заминал?“
  • „Како се мери успехот?“

Колку повеќе прашувате - толку помалку изненадувања подоцна. Интервјуто не е само за да добиете работа. Тоа е ваша шанса да откриете дали таа работа е вистинска за вас.

Прашање: Која е најголемата „скриена вистина“ што сте ја откриле дури откако сте почнале да работите?

Прочитајте и за: Ментално здравје на работа: Практични стратегии за компании

Тагови: HR трендови