Деспонент на камионски превоз за контејнери - ЖАС Групација Контејнерски Транспорт

Објавенпред 10 часа
Активен до27.11.2026
ПозицијаТранспорт/логистика/шпедиција
ЛокацијаСкопје
За компанијата

Дејности: ТРАНСПОРТ, ШПЕДИЦИЈА,СКЛАДИШТА И КАРГО Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Р.Македонија бр.167/2015), Друштво за превоз и услуги ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје, на ден  12.11.2026 година, распишува:

О Г Л А С   З  А   В Р А Б О Т У В А Њ Е

ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим, за вршење на својата основна дејност има потреба од:

Деспонент на камионски превоз за контејнери - 1 (еден) извршител

Потребни квалификации:

  • ССС (ВСС ќе се смета за предност);
  • Соодветно работно искуство од 1 година;
  • Одлично познавање на англиски јазик (дополнително познавање на грчки јазик ќе се смета за предност);
  • Работа со компјутери (одлично познавање на MS Office пакетот и работа со интернет.);
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач).

Личен профил:

  • Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа, со одлични организацсики способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.

Работни задачи:

  • Одговорен е за подготвување на цени за услугите;
  • Остварува директен контакт со трети лица за договарање на транспортни налози;
  • Се грижи за експолатација на возилата и врши задолжување/раздолжување на возачите со возила и опрема;
  • Ги следи возилата со помош на GPS систем;
  • Извршува анализа на ефективноста на возилата и возачите (реализација и профит);
  • Подготвува документација за фактурирање за извршен превоз;
  • Одговорен е за изработување на техничката документација на возилата и внимава за истекот, односно продолжување на истата.

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на определно време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување во завиносност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од кавалификациите и услoвите кои ќе ги исполнува кандидатот.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу. 

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во согласност со роковите определни со Законот за работни односи.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе