ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје

Администратор/ка

Објавенпред еден месец
Активен до01.10.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
За компанијата

Дејности: ТРАНСПОРТ, ШПЕДИЦИЈА,СКЛАДИШТА И КАРГО Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Р.Македонија бр.167/2015), Друштво за превоз и услуги ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ  ТРАНСПОРТ ДОО Скопје, на ден 16.09.2026 година, распишува:

О Г Л А С  З А  В РА Б О Т У В А Њ Е

ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим  има потреба од:

АДМИНИСТРАТОР - 1 (една) позиција

Потребни квалификации:

  • Завршено средно образование или високо образование
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Работа со компјутери (познавање на MS Office пакетот и работа со интернет)
  • Пожелно возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик.

Способности и вештини:

Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа во динамична средина, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.

Работни задачи:

  • Спроведување административни активности , грижа  за непречено функционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење
  • Прием на странки и нивно упатување
  • Блиска соработка со сметководство и грижа за предметите на клиентите
  • Прием на пошта, архивирање,дистрибуирање
  • Архивирање  на излезна пошта , скенирање , копирање.
  • Подготовка на документација за АВРМ  пријава/ одјава на вработени во АВРМ и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ
  • Подготовка на документација за ФЗО, пријава /одјава во ФЗО , документи за боледување, следење на предмети , комуникација со вработените
  • Посета на клиенти, институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен Регистар итн) и достава на документација
  • Испраќање на излезни фактури
  • Подготовка на документи -персонални досиа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди)
  • Административна подршка во работењето (подготвување и доставување на известувања, барања и сл.)

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 3 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00 а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 16.10.2026 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе