Друштво за превоз и услуги ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје
Оглас за прием на работници на определено работно време
ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим има потреба од:
ПРАВНИК - 1 (една) позиција
Потребни квалификации:
- Работно искуство од областа на правото и работните односи минимум 3 години
- Работа со компјутери (познавање на MS Office пакетот и работа со интернет)
- Пожелно возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик.
Способности и вештини:
- Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа во динамична средина, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.
Работни задачи:
- Ги извршува работите од областа на работните односи,
- Изготвува одлуки, решенија, договори и други акти,
- Вршење на сите правни работи, согласно стручното образование на работникот,
- Работа и комуникација со релевантни институции;
Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 3 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.
Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.
Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.
Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.