Спремач на роба

Објавенпред 5 часа
Активен до20.11.2026
ПозицијаМагационер
ЛокацијаСкопје

Опис на огласот

Оглас за работа: Спремач на роба / Пикер (м/ж)

Компанија: Империјал Табако

Локација:Вангел Нечевски бр.21 Визбегово,Скопје

Индустрија: Дистрибуција на храна (кондиторски производи)

Работно време: 07:30 ч. – 15:30 ч. (Една смена, понеделник - петок)

Империјал Табако е етаблирана компанија во Скопје насочена кон дистрибуција на прехрамбени и кондиторски производи. Поради проширување на нашиот тим во магацинскиот простор, вработуваме одговорна и вредна личност на позицијата Спремач на роба (Пикер).

Клучни одговорности:

  • Спремање на нарачки: Одвојување, спремање и пакување на кондиторски производи според добиени налози и фактури за испорака.
  • Грижа за производите: Внимателно ракување со храната со цел да се избегнат оштетувања на пакувањата.
  • Контрола: Проверка на роковите на траење и декларациите при пакувањето.
  • Хигиена: Одржување на висока хигиена и чистота во работниот простор согласно стандардите за храна.

Што бараме:

  • Вештини: Брзина, прецизност и одговорност при извршување на задачите.
  • Тимска работа: Способност за ефикасна тимска работа.
  • Искуство: Претходно искуство во магацин со храна ќе се смета за предност.

Што нудиме:

  • Стабилност: Стабилно вработување во сигурна компанија.
  • Плата :Редовна плата + бонус и можност за долгорочна соработка
  • Пријатна работна атмосфера

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ:

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат, или да не контактираат директно на телефон: 075/275-078 најдоцна до 20.11.2026

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.
Други активни огласи од Империјал Табако

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе