Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
(преземи го огласот како PDF)
За прв пат од своето постоење, развојот на Македонската Еспорт Федерација не донесе до потребата од воведувањето на нова позиција - Еспорт Менаџер. Позицијата го опфаќа координирањето на националните тимови пред, за време и по завршувањето на натпреварувачките циклуси.
Во досегашното функционирање од моментот на нивното создавање, репрезентациите имаат постигнато значителен успех, редовно учествувајќи на големите интернационални натпревари во eFootball и Дота 2, како и двапати освојувајќи го златниот медал во CS:GO на Светското Еспорт првенство. Овие успеси ни говорат за талентот кој го поседуваат македонските еспорт атлети, талент кој доколку соодветно се канализира и развива, би можел да донесе уште поголеми успеси во периодот што следи. Токму во овој дел ја гледаме и важноста на твојот придонес и делокруг на работење.
Нашиот кандидат треба да поседува искуство во:
Познавање на последните трендови во Еспорт индустријата
Искуство во организирање и одржување на Еспорт/спортски турнири и натпревари
Искуство со водење или менаџирање на Еспорт/спортски тимови
Тоа искуство е клучно за успешно извршување на следните одговорности:
Организирање, креирање и менаџирање на годишната програма на федерацијата
Координирaњe и управувањe со националните еспорт тимови, вклучувајќи избор на играчи, тренинзи и евалуација на перформансите.
Организирање и надгледување национални еспорт турнири и настани.
Развивање и одржување односи со меѓународните еспорт организации и раководни тела.
Претставувајте ја организацијата на национални и меѓународни еспорт настани, конференции и состаноци.
Развивање и спроведување на маркетинг и промотивни кампањи за подигање на свеста и поддршка за националните програми за еспорт.
Сите заинтересирани апликанти очекуваме да ни ги испратат своите биографии на [најави се за да го видиш е-маилот] . GG!
Слични огласи »
Обуки
пред 3 часа
пред 7 часа
пред 8 часа
пред 9 часа
пред 10 часа
пред 11 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена