Лице за приемно одделение

Објавенпред 12 часа
Активен до24.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаhttps://www.alfi.mk/
За компанијата

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ – Скопје

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година.

Со своето долгогодишно искуство, посветеност и континуиран развој, денес успешно работиме на локации во Куманово и Скопје. Благодарение на успешното работење и зголемениот обем на продажба, нашиот тим континуирано расте.

Нашата визија е да ги препознаеме и задоволиме потребите на сите наши купувачи, преку квалитетни производи, професионална услуга и ефикасна организација на работните процеси.

Веруваме дека нашите вработени се движечка сила на компанијата. Затоа континуирано вложуваме во развојот на човечките ресурси и создаваме работна средина во која се ценат одговорноста, посветеноста, тимската работа и професионалниот однос.

Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од:

ЛИЦЕ ЗА ПРИЕМНО ОДДЕЛЕНИЕ

Локација: Скопје

Со или без работно искуство

Работни задачи и одговорности:

  • Организирање и координирање на процесот на прием на роба од добавувачи;
  • Прием на робата на рампа и проверка на истата согласно доставената фактура и придружната документација;
  • Пребројување и проверка на количините на примената роба, со утврдување на евентуални отстапувања;
  • Давање насоки и координација за соодветно складирање и распоредување на примената роба;
  • Организирање и предавање на примената роба во продажба, согласно потребите и утврдените процедури;
  • Средување, евидентирање и ажурирање на тековната документација поврзана со приемот на роба;
  • Континуирана комуникација со добавувачи и коминтенти во врска со термините, начинот и текот на приемот на роба;
  • Комуникација и координација со административниот сектор во врска со утврдени неправилности, промени и потребни корекции на фактури;
  • Навремено информирање на одговорните лица за сите забележани несогласувања во количините, документацијата или примената роба;
  • Соработка со магацинскиот и продажниот персонал со цел непречено одвивање на работните процеси.
  • Работната позиција подразбира високо ниво на одговорност, прецизност и организираност, особено при контролата на примената роба, документацијата и координацијата помеѓу различните сектори во компанијата.

Потребни квалификации и способности:

  • Познавање на работа со компјутер;
  • Познавање на административно работење;
  • Изразена одговорност, прецизност и организираност;
  • Способност за планирање, координација и следење на работни процеси;
  • Комуникативност и професионален однос во комуникацијата со добавувачи, коминтенти и колеги;
  • Способност за забележување и навремено реагирање на неправилности;
  • Самостојност во извршувањето на работните задачи;
  • Подготвеност за тимска работа и соработка со повеќе организациски сектори.

Што нудиме:

  • Бонуси за успешно работење;
  • Обезбедени потребни услови и средства за работа;
  • Позитивна и пријатна работна атмосфера;
  • Стабилна работна средина во компанија со долгогодишно искуство;
  • Можност за професионален развој и надградување.

Начин на аплицирање

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Лице за приемно одделение – Скопје“

Можете да нè контактирате и на телефонскиот број 076/448-505 и 075/234-732 (Од понеделник до петок во период од 08:30 до 16:30)

Сите кандидати ќе бидат исконтактирани.

Сите апликации се третираат со доверливост.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од АЛФИ ТЕХНОЦЕНТАР

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе