Ново поевтинување на горивата од полноќ: Бензините пониски за 2 денари, дизелот за 2,5 денари

Од 17 ноември на сила стапуваат нови, пониски цени на горивата. Проверете колку ќе чинат бензинот, дизелот и останатите нафтени деривати.

Од 00:01 часот на 17 ноември 2026 година, возачите во земјава ќе плаќаат пониски цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43%.

Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе чини 84 денари за литар, а Еуросупер БС-98 86 денари за литар, што е намалување од по 2 денари. Цената на Еуродизел БС се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 92 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 100,5 денари за литар, односно за 3 денари поевтино. Цената на мазутот М-1 НС ќе изнесува 48,314 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија образложуваат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на светскиот пазар, како и на намалените акцизи и повластената стапка на ДДВ за дизелот. Во споредба со цените утврдени на 9 ноември, ова е ново олеснување за граѓаните и транспортниот сектор.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика-(РКЕ)

Нови кариерни можности во Зегин!

Најнови огласи за работа во Зегин!

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Хигиеничар/ка Магацин - Триангла Маџари
Хигиеничар/ка во аптека - City Mall
Фармацевтски техничар со искуство - Скопје (Драчево)
Фармацевтски техничар со уверение - Битола
Фармацевт со лиценца - Битола

Останатите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Останатите огласи можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: Зегин ДОО Скопје

Виетнам станува нова дестинација за ИТ работниците од Балканот

Стан со базен за околу 400 евра, евтина храна и живот покрај море го прават Виетнам сè попривлечен за дигиталните номади од регионот.

Виетнам сè повеќе го привлекува вниманието на ИТ професионалците од Балканот, особено на оние што работат од далечина за странски компании и бараат пониски животни трошоци. Особено интересен е крајбрежниот град Да Нанг, каде според локалните огласи може да се изнајми целосно опремен стан во модерен комплекс со базен, теретана и интернет за околу 400 до 450 долари месечно.

Покрај поевтиното домување, предност за дигиталните номади се и ниските секојдневни трошоци. Оброк во локален ресторан чини само неколку евра, а достапни се и јавниот превоз, услугите и основните намирници. Проценките покажуваат дека во Да Нанг може да се живее со месечен буџет од 800 до 1.200 евра, што за луѓе со приходи од околу 2.000 евра месечно остава простор за значително штедење.

Сепак, преселбата во Виетнам носи и одредени предизвици. Земјата нуди електронски визи до 90 дена, но сè уште нема посебна виза за дигитални номади, што значи дека за подолг престој е потребно внимателно планирање. Дополнителни фактори се временската разлика со Европа, тропската клима и приспособувањето на нова културна средина. И покрај тоа, според истражувањето „Експат инсајдер 2025“, Виетнам е рангиран како најдобра дестинација меѓу 46 земји според личните финансии, што дополнително го зацврстува неговиот имиџ како привлечна опција за живот и работа.

Тагови: дестинација ИТ сектор Виетнам

Историски успех за македонскиот алпинизам:Сашко Кедев официјално е запишан во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек што ги освоил сите 14 врвови над 8.000 метри

Д-р Сашко Кедев стана највозрасниот човек што ги освои сите 14 највисоки врвови во светот! 🏔️🇲🇰

Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасната личност во светот што ги искачила сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Историскиот подвиг го заокружил на 20 јули 2025 година, кога успешно се искачил на Гашербрум I, со што ја комплетирал листата на сите светски осумилјадници.

Во моментот на последното искачување, Кедев имал 63 години и 14 дена, што му го донесе светскиот рекорд. Роден на 6 јули 1962 година, д-р Кедев зад себе има богата кариера во медицината, но и низа врвни алпинистички достигнувања. Покрај 14-те осумилјадници, тој ги има освоено и „Седумте врвови“ – највисоките планински точки на сите седум континенти, подвиг што го започнал во 2008 со Аконкагва, а го завршил во 2011 со Пункак Џаја.

Неговите успеси добија и државно признание. Во ноември 2025 година, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го одликуваше со Орден „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот алпинистички успех. Кедев тогаш порача дека ова не е само лично достигнување, туку успех на цела Македонија, која со неговото име добива значајно место во историјата на светскиот алпинизам.

Тагови: Сашко Кедев алпинизам Гинисовата книга