ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Деловен администратор/ка – замена за вработена на породилно отсуство
Поради привремено отсуство на вработена за време на породилно отсуство БЕННИНГ ПСАМ ДОО објавува оглас за вработување на:
Деловен администратор/ка
Работни задачи:
- Организирање и извршување на секојдневни административни активности;
- Подготовка, обработка и архивирање на деловна документација;
- Внесување и ажурирање на податоци во интерни системи и табели;
- Комуникација со клиенти, добавувачи и деловни партнери;
- Прием, евидентирање и проследување на документација;
- Следење на рокови и административни обврски;
- Поддршка на останатите вработени во извршувањето на административни задачи;
- Извршување и на други задачи поврзани со деловното работење.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено средно или високо образование;
- Претходно работно искуство во административни работи ќе се смета за предност;
- Добро познавање на MS Office, особено Word и Excel;
- Одлични организациски и комуникациски способности;
- Одговорност, точност и професионален однос кон работата;
- Способност за самостојна работа и работа во тим.
Нудиме:
- Работен ангажман на определено време, како замена за вработена на породилно отсуство;
- Коректни и професионални услови за работа;
- Пријатна и динамична работна средина;
- Можност за стекнување и унапредување на професионално искуство.
Работно време: понеделник-петок од 08:00-16:00 часот
Место на работа: Карпош 4 -Скопје