За компанијата: БД Група е маркетинг агенција, тим составен од креативни и уметнички експерти, медиумски планери, оддели за производство и организирање, туку и од високо квалификувани аналитичари, финансиски менаџери...
повеќе за компанијата »Еден на еден маркетинг агенција, има потреба од:
Комјунити менаџер и креативец
Треба да знаеш убаво да се изразиш во пишана форма и да креираш содржини кои ќе привлечат внимание. Доволно јасни да бидат разбрани и доволно ефективни да натераат некого на акција.
Твои одговорности:
• Креирање и имплементирање на стратегии наменети за социјалните медиуми,
• Креирање на комуникациски и креативни стратегии,
• Креирање на содржини на социјалните медиуми,
• Градење односи со потрошувачите преку социјалните медиуми и навремено одговарање на нивните барања,
• Креирање на извештаи за завршените задачи,
• Организирање и учество во настани кои ќе имаат за цел промоција на брендовите за кои работиме,
• Заедничка силна координација и вклучување во останатите сектори на агенцијата согласно можностите.
Потребни квалификации:
• Желба за нов предизвик, нови знаења и љубопитност,
• Одлични вербални и пишани вештини,
• Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик,
• Напредно ниво на користење на Microsoft Office пакетот, посебно Excel и Powerpoint,
• Способност за анализа на статистики кои се генерирани од социјалните медиуми,
• Внимание на детали и способност за мултитаскинг,
• Способност за тимска работа.
Сите заинтересирани испратете кратка биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]