Продажен агент Охрид мол

Објавенпред 4 часа
Активен до03.12.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаОхрид
Телефон+38923094590
За компанијата

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација Studio Moderna и една од водечките компании за мултиканална продажба на производи за домот, здравјето, удобноста и секојдневниот живот. Со повеќе... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

ВРАБОТУВАМЕ ПРОДАЖЕН АГЕНТ – ОХРИД МОЛ!

Нашата нова продавница во Охрид Мол веќе ги отвори вратите! Сега бараме уште еден член кој ќе се приклучи на нашиот продажен тим.

Студио Модерна е компанијата зад добро познатите брендови Dormeo, Delimano, Top Shop и други успешни брендови кои повеќе од 30 години се дел од секојдневието на македонските потрошувачи.

За нашиот продажен тим во Охрид Мол бараме комуникативна, позитивна и мотивирана личност која сака работа со луѓе, динамична работна атмосфера и можност за добра заработка.

Што ќе работиш?

  • Ќе ги пречекуваш и услужуваш клиентите во продавницата

  • Ќе ги презентираш нашите производи и ќе им помогнеш на клиентите да го направат вистинскиот избор

  • Ќе градиш пријатна комуникација и доверба со клиентите

  • Ќе се грижиш за уредноста и позитивната атмосфера во продавницата

  • Ќе работиш со продажни цели и ќе придонесуваш кон резултатите на тимот

Кого бараме?

  • Комуникативна и позитивна личност која сака работа со луѓе

  • Одговорна и амбициозна личност со желба за постигнување резултати

  • Тимски играч кој сака да учи и да се развива

  • Претходното работно искуство е предност, но не е услов – ние ќе те обучиме!

Ние нудиме:

  • Фиксна плата + бонуси според остварените резултати

  • Можност за заработка до 50.000 денари и повеќе

  • Платен минат труд

  • Дупла дневница за работа во недела и на празник

  • Целосно платена обука пред започнување со работа

  • Можности за развој и напредување

  • Работа во стабилна интернационална компанија

  • Поддршка од искусен и посветен тим

Сакаш да бидеш дел од нашиот тим во Охрид Мол?

Испрати го твоето CV преку копчето АПЛИЦИРАЈ и запознај нè!

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе