Продажни агенти - Струга Nabizi Retail Park

Објавенпред 5 часа
Активен до03.12.2026
ПозицијаПерсонал во продавница/Касиер
ЛокацијаСтруга
Телефон+38923094590
За компанијата

СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација Studio Moderna и една од водечките компании за мултиканална продажба на производи за домот, здравјето, удобноста и секојдневниот живот. Со повеќе... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

БАРАМЕ ПРОДАЖНИ АГЕНТИ – СТРУГА - Nabizi Retail Park

Имаш енергија, амбиција и сакаш твојот труд да се исплати?

Тогаш можеби токму тебе те бараме!

Студио Модерна отвора можност за нов членов во нашиот продажен тим во Струга. Ако сакаш динамична работа, комуникација со луѓе и можност за заработка која зависи од твојот ангажман и резултати – ова е вистинската можност да направиш нешто повеќе за себе.

Не бараме совршено CV. Бараме амбиција, желба за успех и подготвеност за учење!

Кои сме ние?

Студио Модерна е интернационална компанија со повеќе од 30 години искуство во директна продажба, e-commerce и retail. Преку нашите добро познати брендови Dormeo, Delimano, Rovus и Top Shop, секојдневно сме дел од домовите на илјадници купувачи.

Веруваме дека успехот започнува со луѓето. Затоа инвестираме во нивниот развој, ги препознаваме резултатите и создаваме можности за професионален напредок.

Што ќе биде твоја задача?

  • Да ги пречекуваш и услужуваш купувачите со професионален и позитивен пристап.
  • Да ги презентираш нашите производи и да им помогнеш на клиентите да го пронајдат вистинското решение за нивните потреби.
  • Да создаваш позитивно искуство при секоја продажба.
  • Да работиш кон поставени продажни цели и да ги претвораш можностите во резултати.
  • Да бидеш активен дел од тимот и да придонесуваш за успехот на продавницата.

Што добиваш за возврат?

  • Можност за заработка до 50.000 денари и повеќе!
  • Фиксна плата + бонуси според остварените резултати.
  • Платен минат труд.
  • Двојна дневница за работа во недела и на празници.
  • Целосна, платена обука – претходно искуство не е потребно.
  • Можности за професионален развој и напредување во рамките на компанијата.
  • Можност за премин и развој во различни оддели.
  • Поддршка од тим кој ќе ти помогне да ги развиеш своите продажни вештини.

Кого сакаме во нашиот тим?

  • Личности кои сакаат да комуницираат и работат со луѓе.
  • Амбициозни луѓе кои сакаат да постигнуваат резултати.
  • Позитивни, одговорни и проактивни личности.
  • Луѓе кои не се плашат од предизвици и сакаат да учат.
  • Тимски играчи со желба за личен и професионален развој.

Искуството не е услов! Доколку имаш мотивација и желба да успееш, ние ќе ти помогнеме да ги стекнеш потребните знаења и вештини.

Каде ќе работиш?

Студио Модерна – Nabizi Retail Park, Струга

Ул. Индустриска зона бр. 1, објект 2/1, ПР-9.

Работно време на продавницата:

  • Понеделник – сабота: 10:00 – 22:00 часот
  • Недела: до 20:00 часот.

Не чекај вистинската можност – направи го првиот чекор!

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе