Краток опис на работата на работното место:
Прием на примероци од воздух, вода, почва и отпад во аналитичка лабораторија, подготовка на примероците за анализа, анализа на примероците согласно аналитички методи, повремени теренски активности за земање на примероци од животна и работна средина, воведување на стандардизирани аналитички методи за испитување на животна и работна средина.
Кандидатите со претходно искуство со валидација и верификација на методи и работа на PLASMAQUANT ICP Spectometer и гасен хроматограф ќе имаат предност.
Плата по договор во зависност од искуството.
Потребни квалификации:
- ВШС, VII степен – хемиски факултет
- солидно познавање на англиски јазик
- работа со компјутер и софтверскиот пакет MS-Office
- возачка дозвола Б категорија
- кандидатите со претходно работно искуство во аналитичка лабораторија ќе имаат предност