Поради проширување на тимот, имаме потреба од мотивирана, искусна и одговорна личност за позицијата:
Одговорно лице за техничко одржување на објекти
Главни одговорности и обврски:
- Координација, контрола, менаџирање и редовно техничко одржување на објектите.
- Следење, функционална проверка и контрола на системите за греење и ладење.
- Навремена детекција и супервизија при отстранување на дефекти во делот за електрика, водовод, одвод и останато.
- Организација, координација и распределба на секојдневните задачи по приоритет; планирање на превентивни сервиси и брза реакција при итни интервенции.
- Надзор и контрола на квалитетот на извршените услуги од страна на надворешни компании и изведувачи.
- Подготовка на редовни извештаи до директорите поврзани со работењето
Очекувани квалификации:
- Завршено средно или високо образование (електро, машинска или друга техничка насока ќе се смета за предност).
- Минимум 3 години работно искуство во областа на техничко одржување објекти
- Поседување возачка дозвола од Б категорија.
- Висока работна етика, прецизност и изразени практични вештини.
Потребни способности и вештини:
- Напредни технички познавања (електрика, водовод, браварија и општи поправки)
- Сериозен и одговорен однос кон работните задачи и соработниците
- Kомпјутерско познавање – e-mail комуникација и работа со word, excel итн.
- Лојална, доверлива, организирана и дисциплинирана личност со лидерски капацитет
- Строго почитување и примена на мерките за безбедност и здравје при работа (БЗР).
Компанијата за своите вработени нуди:
- Вработување во реномирана компанија со договор на неопределено време
- Конкурентна и редовна плата во зависност од вашето искуство и квалификации
- Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Бенефиции:
oбезбеден квалитетен топол оброк и пијалоци во текот на денот
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Слични огласи »