Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци, на работно место помлад контролор за преглед во Одделение за преглед и сервисирање на плински боци и ПП апарати и одржување на водоводни инсталации во Сектор за машински и градежни работи во Дирекцијата за одржување во Скопје.
Основни работни задачи и одговорности:
- Врши прием, селекција и подготовка на плински боци за преглед, сервисирање и поправка.
- Врши визуелен преглед на надворешната состојба на плинските боци и пријавува утврдени оштетувања и неправилности.
- Учествува во расклопување, чистење и подготовка на плински боци за сервисирање и испитување.
- Врши замена на неисправни или оштетени вентили, заптивки и други составни делови на плинските боци согласно пропишаните процедури.
- Врши механичко чистење, отстранување на корозија, стари заштитни слоеви и други нечистотии од надворешната површина на плинските боци.
- Подготвува површини за заштита и фарбање на плинските боци.
- Врши нанесување на основен и завршен заштитен премаз и фарбање на плински боци со нитро-базни и други пропишани премази.
- Врши означување и обележување на плинските боци согласно техничките прописи и интерните процедури.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Завршено средно образование – машински/технички смер, машинобравар;
- Со или без работно искуство;
- Возачка дозвола Б категорија;
- Работа со рачен алат и друг електричен алат;
- Фарбање на нитро база со пиштол.
Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 07:00 часот до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 32.500 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Начин на апликација:
Аплицирањето се врши со пополнување на електронскиот формулар подолу во огласот и прикачување на потребните документи:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]