Оператор во мониторинг центар

Објавенпред 5 часа
Активен до10.12.2026
ПозицијаОбезбедување
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.una.mk
За компанијата

Агенција за приватно обезбедување “УНА” ДООЕЛ Скопје е една од водечките агенции за приватно обезбедување во Република Македонија. Основана е во 2003 година од страна на професионалци и специјалисти со... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

АПО УНА ДООЕЛ - Скопје има потреба од одговорно, доверливо и посветено лице за работното место Оператор во Мониторинг центар за обезбедување на  објект во Автокоманда / Општина, Гази баба, Скопје.

Главни работни задачи и одговорности:

  • Континуирано 24/7 следење на видео надзор (CCTV) и алармни сигнали од заштитени објекти,
  • Брза проценка на ситуацијата и навремена реакција при добиен аларм или забележана неправилност,
  • Координација и испраќање на патролни тимови на терен, како и контакт со надлежни служби (полиција, противпожарна единица, итна помош),
  • Техничка поддршка по телефон при пријавени проблеми со системите,
  • Водење точна евиденција и изготвување дневни извештаи за настанатите настани во смената.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование (ССС),
  • Одлично познавање на работа со компјутери (MS Office) и софтвер за видео надзор,
  • Поседување лиценца за физичко обезбедување,
  • Одлични комуникациски вештини и јасно изразување,
  • Подготвеност за работа во две смени од понеделник до петок и една работна сабота во месецот,

Што нудиме:

  • Редовни месечни примања,
  • Исплата на К15,
  • Зголемување на плата секоја година во месец Март,
  • Пријавување на полно работно време,
  • Целосна обука за работа со мониторинг софтверот и протоколите на компанијата,
  • Современи и пријатни услови за работа во канцеларија,
  • Стабилна работна средина и коректен однос.

Начин на аплицирање:

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај или да се јават директно на телефонскиот број: 070206453 секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од Агенција за приватно обезбедување УНА

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе