ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО Скопје

Сметководил/ка

Објавенпред еден месец
Активен до01.10.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаСкопје
За компанијата

Дејности: ТРАНСПОРТ, ШПЕДИЦИЈА,СКЛАДИШТА И КАРГО Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Р.Македонија бр.167/2015), Друштво за превоз и услуги ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈЕНРСКИ ТРАНСПОРТ  ДОО Скопје, на ден 16.09.2026 година, распишува:

О Г Л А С   З  А   В Р А Б О Т У В А Њ Е

ЖАС ГРУПАЦИЈА КОНТЕЈНЕРСКИ ТРАНСПОРТ ДОО  Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим, за вршење на својата основна дејност има потреба од:

Сметководител - 1 (еден) извршител

Потребни квалификации:

  • Високо образование (економски факултет);
  • Поседување на лиценца за обичен сметководител, додека лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност;
  • Задолжително соодветно работно искуство;
  • Работа со компјутери (познавање на MS Office пакетот и работа со интернет.);
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач).
  • Познавање на англиски јазик.

Способности и вештини:

Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа, со одлични организацсики способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.

Работни задачи:

  • Сметководствено работење;
  • Книжење на финансиска документација;
  • Изготвување завршна годишна сметка;
  • Изготвување финансиски извештаи;
  • Работа и комуникација со релеветнатни институции;
  • Останати сметководствени и финансови работи кои произлеуваат од дејноста.
  • Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 3 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00 а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 16.10.2026 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе