Медицински Претставници

Објавенпред еден ден
Активен до05.12.2026
ПозицијаФармацевт/Фармацевтски техничар
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаmartialko.mk
За компанијата

МАРТИ АЛКО е компанија со повеќе од 30 години искуство во фармацевтскиот сектор, специјализирана за увоз и големопродажба на фармацевтски производи, медицински средства и производи за здравје и нега. Низ... Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Преземи го огласот

Оглас

За компанијата

Како дел од нашата стратегија за понатамошен раст, проширување на пазарното присуство и развој на производното портфолио, МАРТИ АЛКО ДООЕЛ бара три мотивирани, амбициозни и професионални личности кои ќе станат дел од нашиот медицински продажен тим.

Отворени позиции:

  • Медицински претставник – Скопски регион (2 позиции)
  • Медицински претставник – Северозападна Македонија: Тетово, Гостивар и Кичево (1 позиција)

Потребни Квалификции:

  • Високо образование од областа на медицинските, фармацевтските, стоматолошките, природните или сродните науки.
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини.
  • Самостојност, организираност, иницијативност и одговорност.
  • Ориентираност кон резултати и способност за градење долгорочни деловни односи.
  • Подготвеност за континуирано учење и професионално усовршување.
  • Познавање на MS Office и основни дигитални алатки.
  • Активна возачка дозвола Б категорија.
  • Претходно искуство како медицински претставник или во фармацевтската индустрија ќе се смета за предност, но не е задолжително.

Што нудиме?

  • Работа во стабилна компанија со повеќе од 30 години искуство во фармацевтскиот сектор.
  • Работа со меѓународни брендови и разновидно производно портфолио.
  • Структурирана почетна обука и континуирана едукација.
  • Менторска поддршка и можност за професионален развој.
  • Јасно дефинирани цели, одговорности и систем за следење на резултатите.
  • Можност за кариерно напредување во компанијата.
  • Стимулативни услови за работа и наградување согласно постигнатите резултати.

​Вашите одговорности:

  • Стручна презентација и промоција на производите од нашето портфолио пред доктори, фармацевти и други здравствени работници.
  • Градење, развивање и одржување долгорочни професионални односи со здравствените работници.
  • Планирање, организирање и реализација на теренски посети согласно поставените цели.
  • Следење и анализа на пазарот, конкуренцијата и продажните резултати.
  • Идентификување нови деловни можности и развој на постојните соработки.
  • Активно учество во стручни едукации, презентации, конгреси и промотивни активности.
  • Редовно известување и следење на индивидуалните и тимските резултати.

АПЛИЦИРАЊЕ

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Рок за аплицирање: 30.11.2026 год.

Во насловот на е-поштата наведете: Медицински претставник – Скопје или Медицински претставник – Северозападна Македонија.

МАРТИ АЛКО – Растеме заедно со луѓето кои создаваат вредност.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе