МАРТИ АЛКО е компанија со повеќе од 30 години искуство во фармацевтскиот сектор, специјализирана за увоз и големопродажба на фармацевтски производи, медицински средства и производи за здравје и нега.
Низ годините изградивме стабилна позиција на пазарот, заснована на професионалност, квалитет, доверба и долгорочна соработка со нашите деловни партнери.
Соработуваме со аптеки, здравствени установи, болници, клиники и медицински професионалци низ цела Македонија, обезбедувајќи квалитетни производи и професионална поддршка.
Нашата најголема вредност се луѓето. Веруваме дека успехот на компанијата се темели на посветен, одговорен и мотивиран тим. Затоа создаваме работна средина во која се поттикнуваат тимската работа, меѓусебната почит, професионалниот развој и индивидуалната иницијатива.