Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
ДПТУ ЕСКОН-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица има потреба од работници за пополнување на следниве работни позиции:
Работно место: ТЕХНИЧАР ЗА СЛАБОСТРУЈНИ ИНСТАЛАЦИИ
Работни задачи: - Изведба, монтажа и пуштање на работа на системи за видео надзор и аларми, противпожарна заштита, контрола на пристап и евиденција на работно време, јавна дојава - Сетирање на софтверски параметри за споменатите слабострујни системи - Одржување на пасивни и активни хардверски компоненти поврзани со споменатите слабострујни системи
Потребни квалификации и способности: - Минимум средно образование - Пожелно е поседување на возачка дозвола Б категорија - Познавање на англиски јазик - Одговорно извршување на работните обврски во зададени рокови - Комуникациски вештини - Способност за самостојна и тимска работа
На кандидатите им нудиме: - Позитивна работна атмосфера со отворена комуникација - Одлична плата и бонуси - Континуирано усовршување и едукација во сите области (стручни, индивидуални, итн.) - Можност за напредување - Работа на големи и комплексни проекти кои нудат предизвици за совладување
Заинтересираните кандидати може да се јават на тел.: 075-736-367; 075-407-214 или да испратат CV на меил: [најави се за да го видиш е-маилот] .
Слични огласи »
Обуки
пред 16 минути
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред 7 часа
пред 8 часа
пред 9 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена