КНАУФ ДООЕЛ Скопје лого

Комерцијално технички советник за Источна Македонија

За компанијата:

Присутни сме во градежништвото повеќе од 80 години. Со своите системи нудиме модерни, квалитетни решенија за уредување на вашите градби. Со фантастичниот материјал, гипс, создаваме удобност во просториите за живеење и работа. Кнауф значи иновација и квалитет.

повеќе за компанијата »

Активни огласи од КНАУФ ДООЕЛ Скопје:

Советник за техничка продажба / Këshilltar Teknik i Shitjeve

Кнауф се залага за можност. Знаеме дека таа можност изгледа различно за секој човек и горди сме што гледаме можност во секого. Оваа возбудлива нова позиција во тимот на продажба може да биде совршена следна можност за вас да изградите уникатна кариера, во култура предводена од вредности со јасна цел да ја направиме утрешнината дом за сите нас.

Ние сме глобален производител на градежни материјали и во рамките на нашата групација, заедно со нашите 43.500 вработени на 320 локации низ 90 земји во светот, обезбедуваме можности за секого со амбиции и енергија.

Кнауф дооел Скопје се гордее што е дел од групацијата Кнауф. Имаме 93-годишно наследство во производството на градежни материјали и имаме големи планови за иднината. Нашиот глобален досег во 90 земји продолжува да расте и бараме посветени и амбициозни луѓе кои ќе ни помогнат да ги постигнеме нашите цели. Сите ние сме водени од истите основни вредности и веруваме во моќниот потенцијал на големите компании да имаат позитивно влијание врз светот.
Во моментов бараме уште еден член на тимот кој ќе ни се придружи во СЕКТОРОТ ЗА ПРОДАЖБА како КОМЕРЦИЈАЛНО ТЕХНИЧКИ СОВЕТНИК за Регионот Источна Македонија.

Вашите задачи:

  • Познавање на карактеристиките, квалитетот и достапноста на производите
  • Активно познавање на профилот на купувачите и конкуренцијата
  • Анализа на пазарот и спремање месечни извештаи
  • Организација на продажни активности
  • Промоција на нови производи
  • Организација на обуки, семинари и презентации за сите целни групи
  • Посета на градежни објекти и советување на купувачите
  • Грижа за купувачите

Она што ние би сакале да го имате:

  • Диплома за завршено високо образование
  • Претходно работно искуство на слична позиција
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

Ние ви нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Можност за годишна премија за постигнати резултати
  • Службено возило
  • Програми и обуки за развој на вашата кариера
  • Програма за психолошка поддршка на вработените
  • Динамична работа во брзо растечка, глобална компанија
  • Работа со тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следната меил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »