БИЛИВИО лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

.NET Core Developer

За компанијата:

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети... повеќе за компанијата »

Активни огласи од БИЛИВИО:

Team Lead.NET Core Developer + Angular

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОГРАМЕРИ 

БИЛИВИО   e брзо растечка софтверска компанија основана во 2018 година, веќе докажана во областа развој на софтвер, со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот,  има потреба од зголемување на својот програмерски тим, објавува конкурс за вработување на програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни проекти базирани на нови технологии во одлични услови.

Како веб девелопер ќе имате можност да работите на развојот на интересни проекти во професионален тим кој ги следи новите технологии.

Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе ги имаат следниве задолженија:

  • Анализа и дизајн на софтверски решенија.
  • Развој на софтвер и пишување на техничка документација.
  • Тимско работење
  • Комуникација со клиенти 
  • Хибриден режим на работа.

Отворена работна позиција:

Програмери (.NET C#)

Потребни квалификации за позицијата:

  • Познавање на OOP концепти, софтверски архитектури (N-Tier Architecture)
  • Познавање на UI концепти и основно дизајнирање
  • Познавање и искуство во .NET CORE
  • Познавање и искуство со Micro Services и Docker
  • Познавање на релациони бази на податоци MS SQL (Entity Framework)
  • Познавање на HTML5, CSS3, Javascript, Bootstrap, JQuery
  • Познавање на Angular
  • Познавање на англиски јазик
  • Способност за работа во тим.

Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност

  • Google APIs / Web APIs;
  • Unit testing
  • Искуство со Azure DevOps / TFS (Team Foundation Server)
  • Желба за учење на нови технологии и примена на истите во развој на проекти.

Зошто би требало дa станете дел од нашиот тим?

  • Ќе работите во професионален тим, кој е насочен кон усовршување и надоградба на вештини.
  • Ќе учите и ќе бидете во тренд со новите технологии.
  • Квалитетот и довербата кај нас се на прво место.

Ние нудиме:

  • Загарантирана висока почетна плата како и можност за брзо напредување.
  • Квалитетна и професионална работна средина.
  • Одлична работна атмосфера и брзо професионално надоградување.

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »