ФИБЕРНЕТ М-К лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Сервисен техничар за UPS системи

За компанијата:

Компанијата ФИБЕРНЕТ М-К Скопје е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 18 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот. ФИБЕРНЕТ М-К... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

ФИБЕРНЕТ М-К е целосно македонска компанија со специјалност во B2B (Business-to-Business) сегментот. Опслужуваме компании од сите сектори и котираме меѓу водечките ИТ компании во регионот во делот на изработка, проектирање и изведба на слабострујни системи, оптички мрежи, резервно напојување, електрични инсталации, FTTH комуникација, дата центри и друго.

Нашиот тим континуирано расте и во моментов имаме потреба од постојано вработување на нови лица на следнава работна позиција:

Сервисен техничар за UPS системи

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО

  • Инсталација, (commissioning) и конфигурирање на UPS системи;
  • Редовно превентивно одржување и сервисирање на UPS опрема;
  • Дијагностика и отстранување дефекти на UPS системи и придружна опрема;
  • Замена на неисправни компоненти (батерии, модули, електронски плочи и сл.);
  • Тестирање на функционалноста и сигурноста на системите по сервис или инсталација;
  • Извршување проверки на батериски системи и нивната состојба;
  • Подготовка на сервисни извештаи и водење техничка документација;
  • Комуникација со клиенти и обезбедување техничка поддршка на лице место или од далечина;
  • Почитување на безбедносните процедури при работа со електроенергетска опрема;
  • Интервенции на терен по потреба.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Средно образование од областа на електротехника, енергетика или сродна техничка насока;
  • Познавање на електрични системи, електроника и работа со мерна опрема;
  • Искуство со UPS системи, батериски системи или електроенергетска опрема е предност;
  • Способност за читање електрични шеми и техничка документација;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која што аплицираат. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »