Во Optimum Creative Solutions веруваме во моќта на креативната мисла и комуникацијата што остава впечаток. Го прошируваме нашиот тим и бараме – Copywriter креативен ум и талент кој ќе ги претвори идеите во зборови што комуницираат, поврзуваат и инспирираат.
Ако зборовите се твоја супермоќ, ако секогаш имаш идеја плус и знаеш како да му дадеш карактер на секој бренд – можеби токму тебе те бараме!
Опис на работни задачи:
- Креирање оригинални и креативни текстови што им даваат карактер, автентичност и препознатливост на брендовите,
- Осмислување и пишување содржини за социјалните медиуми,
- Учество во подготовка и развој на маркетинг и комуникциски стратегии,
- Координација со тимот за дигитални медиуми за следење на активностите на социјалните платформи,
- Пишување на текстови за веб страна, newsletter, ПР текстови,
- Развој на интегрирани комуникациски решенија за различни брендови.
Потребни вештини:
- Одлични комуникациски вештини и пишувачки способности,
- Одлично познавање на македонски и англиски литературен јазик и правопис,
- Одлични организациски вештини и раководење со време,
- Тимски играч,
- Способност за работа со рокови и повеќе активности истовремено,
- Одлично познавање на Microsoft Office пакет,
- Одлично познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google, како и трендовите за комуникација на тие мрежи
Претходно работно искуство на иста или слична позиција. Предност имаат кандидати со најмалку 2 години релевантно искуство.
Што нудиме:
- Работа во динамична, инспиративна и креативна средина,
- Тим од професионалци со различни знаења, искуства,
- Соработка со локални и странски брендови и работа на разновидни комуникациски проекти,
- Поддршка, менторство и можност за континуирано учење,
- Можност за професионален развој, усовршување и градење кариера во светот на маркетингот и дигиталната комуникација.
Ако веруваш дека добрата комуникација почнува со добра идеја, а секоја добра идеја заслужува одлична реализација – сакаме да те запознаеме!
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.