Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 79 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.
Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е Вашата шанса!
О Г Л А С
За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци (со можност за продолжување на договорот) на работно место стручен соработник во РЕ 527 Одделение за непрехранбени производи во Сектор за доплонителен асортиман во Дирекција за дополнителен асортиман во „Макпетрол“ АД. – Скопје.
Одговорности, работни задачи и услови за работа:
- Обработка на фактури и документи - Обработката на фактури, вклучувајќи редовни, комисиони и рачни фактури, како и исправка на документи и следење на калкулации, е основна задача, која вклучува и регулирање на продукти со истечен рок и пријавување нови производи.
- Анализи и пресметки - Анализата на цени, залихи, продажба и финансиска реализација, како и пресметката на годишни рабати и анализата на трендови и потреби на потрошувачите, имаат за цел да обезбедат подобрување на продажбата и процена на нови производи.
- Секојдневна интерна и екстерна комуникација - Интерната комуникација вклучува секојдневна соработка со шефовите на бензинските станици, сметководството и колегите за правилно извршување на задачи и координација на процесите. Екстерната комуникација се однесува на комуникација со добавувачи.
- Следење на законска регулатива;
- Архивирање на документи.
Основната нето платата за ова работно место изнесува 35.500 денари.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- завршено високо образование;
- претходно работно искуство од најмалку 2 години;
- возачка дозвола Б категорија;
- напредна работа со компјутери (MS Office, Excel, Power Point);
- познавање на трговско и стоково работење.
Извршување на работните задачи и работно време:
Работните задачи се извршуваат во Дирекцијата за дополнителен асортиман во Управната заграда на „Макпетрол“ АД Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4.
Работното време е од 08:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Работниот однос се заснова на полно работно време од 40 часа неделно, во согласност со однапред утврден распоред за работа.
Прекувремената работа се плаќа дополнително, а согласно Законот за работните односи и подзаконските акти, вклучувајќи ги и сите законски додатоци како што е минат труд и други предвидени надоместоци.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Писмо за мотивација - со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
- Кратка биографија;
- Копија од диплома за завршено образование;
Потребните документи да се достават на е – пошта [најави се за да го видиш е-маилот]
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
Со аплицирањето се смета дека кандидатите се согласуваат Макпетрол АД Скопје да може да ги собира, обработува и чува нивните лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, согласно законските прописи.
Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со испраќање на барање за истото на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]