Промовирани огласи »

Две европски држави ги олеснуваат условите за влез за Македонците

Eдна држава го укина задолжителниот карантин за посетителите од Македонија, а друга ја тргна забраната за влез на Македонци, која беше на сила поради состојбата со ковид-19.

Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Македонија.

Како што соопшти МНР, во исто време, и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.

Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот COVID сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ). Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки кои би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.

Покрај проширувањето на употребата на КОВИД сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски, стои во соопштението од МНР. 

Промовирани огласи »

Владата објави воведување бесплатна Wi-Fi мрежа на отворени јавни површини низ целата земја.

Владата даде зелено светло да се обезбеди бесплатен национален Wi-Fi на отворени јавни површини, рече портпаролот на владата Муамет Хоџа на прес-конференција.

Тој наведе дека соодветните институции се задолжени да поднесат предлог за листа на локации каде што треба да биде достапен бесплатен Wi-Fi до крајот на оваа година, за да можат надлежните институции да ја завршат својата работа и да знаат до април 2022 година каде да постават безжична локална мрежа.

Според неговите зборови, владата на Зоран Заев ја утврдила препораката до Јавното претпријатие Национална радиодифузија „Скопје“, како носител на проектот за бесплатна државна Wi-Fi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристите, што ќе биде поставено од телекомуникациски оператори.

Таа листа на локации, додаде Хоџа, треба да се направи во соработка со Министерството за информатичко општество на Македонија, односно Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи.

Промовирани огласи »

Маричиќ: Пописот до 20.00 часот

Статистичката операција прогласена за успешна

Бојан Маричиќ, министерот за правда, во емисијата „Утрински брифинг“ информира дека националниот попис денеска ќе заврши во 20.00 ласот.
„На последниот ден од пописот можеме само да оддадеме почит на Државниот завод за статистика за успешното спроведување на статистичката операција.Денес на терен до 20:00 часот ќе бидат допопишани оние граѓани кои до сега не беа посетени од попишувачите. Следува период од 6 месеци за обработка на податоците кои потоа ќе бидат објавени“, објави министерот.

До вчера 1.760.194 лица се запишани во статистичката операција попис . Пописот опфатил и 546.080 домаќинства и 789.406 станови.

Во однос на дијаспората, правото на самопопишување го искористиле 201.247 граѓани. Денеска завршува пописот а според надлежните негово продолжување засега нема да има.

Уверување дека пописот ќе заврши во законски рок искажа и првиот човек на ДЗС Апостол Симовски кој посочи дека последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика.

Промовирани огласи »

Во петок администрацијата ќе работи само 4 часа: Законот готов

Сите на работа во администрација - Ефикасна или неработна, се намалува работното време од 40 на 36 часа неделно 👇

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари. Го подготви Министерството за информатичко општество и администрација. Во членот 55 од Законот кој се однесува на работното време стои:

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Инаку Законот беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »