Промовирани огласи »

Владата објави воведување бесплатна Wi-Fi мрежа на отворени јавни површини низ целата земја.

Владата даде зелено светло да се обезбеди бесплатен национален Wi-Fi на отворени јавни површини, рече портпаролот на владата Муамет Хоџа на прес-конференција.

Тој наведе дека соодветните институции се задолжени да поднесат предлог за листа на локации каде што треба да биде достапен бесплатен Wi-Fi до крајот на оваа година, за да можат надлежните институции да ја завршат својата работа и да знаат до април 2022 година каде да постават безжична локална мрежа.

Според неговите зборови, владата на Зоран Заев ја утврдила препораката до Јавното претпријатие Национална радиодифузија „Скопје“, како носител на проектот за бесплатна државна Wi-Fi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристите, што ќе биде поставено од телекомуникациски оператори.

Таа листа на локации, додаде Хоџа, треба да се направи во соработка со Министерството за информатичко општество на Македонија, односно Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи.

Промовирани огласи »

Маричиќ: Пописот до 20.00 часот

Статистичката операција прогласена за успешна

Бојан Маричиќ, министерот за правда, во емисијата „Утрински брифинг“ информира дека националниот попис денеска ќе заврши во 20.00 ласот.
„На последниот ден од пописот можеме само да оддадеме почит на Државниот завод за статистика за успешното спроведување на статистичката операција.Денес на терен до 20:00 часот ќе бидат допопишани оние граѓани кои до сега не беа посетени од попишувачите. Следува период од 6 месеци за обработка на податоците кои потоа ќе бидат објавени“, објави министерот.

До вчера 1.760.194 лица се запишани во статистичката операција попис . Пописот опфатил и 546.080 домаќинства и 789.406 станови.

Во однос на дијаспората, правото на самопопишување го искористиле 201.247 граѓани. Денеска завршува пописот а според надлежните негово продолжување засега нема да има.

Уверување дека пописот ќе заврши во законски рок искажа и првиот човек на ДЗС Апостол Симовски кој посочи дека последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика.

Промовирани огласи »

Во петок администрацијата ќе работи само 4 часа: Законот готов

Сите на работа во администрација - Ефикасна или неработна, се намалува работното време од 40 на 36 часа неделно 👇

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок. Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари. Го подготви Министерството за информатичко општество и администрација. Во членот 55 од Законот кој се однесува на работното време стои:

„Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено.

(2) За неполно работно време на административните службеници ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, а ќе се остварува согласно со закон, пишува во законот.

Инаку Законот беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Градот Скопје и годинава ќе ги отвори вратите за натпреварувачите од целиот свет кои ќе учествуваат во најмасовната спортска манифестација во нашата земја – Виз ер скопскиот маратон 2021. Деталите за одржувањето на 17-от по ред маратон кој ќе се трча во недела, на 3 октомври 2021 година, беа соопштени на денешната прес-конференција на која се обратија градоначалникот Петре Шилегов, спортскиот директор на Виз ер скопскиот маратон, Кире Синадиновски и атлетичарите Адријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.

  • Гордост ми е што годинава, и покрај светската ковид пандемија продолжуваме да го одржуваме Скопскиот маратон, кој стана заштитен знак на нашиот град. Маратонот од година во година расте и стана најголем маратон на Балканот, за што сакам да им честитам на организаторите. Преку оваа традиција стара повеќе од деценија и половина Градот Скопје ги мотивира граѓаните да почнат да се занимаваат со спорт и рекреација. Градот Скопје работи на подобрување токму на таа инфраструктура за да обезбедиме подобри услови за рекреација и за спортување - тартан патеката во Градскиот парк овозможува да се вршат подготовки дури и на професионално ниво. Во организацијата на маратонот годинава се вклучени стотици волонтери и професионалци што е гаранција дека, како и секогаш, маратонот ќе помине во најдобар ред - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Тој се заблагодари на сите вклучени, како и на организаторите на трката кои напорно работат на популарноста на маратонот.

  • Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот, а за учесниците во маратонот, некаде над 7.000 луѓе годинава, што е една фантастична бројка, службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставаат целосно на располагање со цел во недела да имаме чисти, безбедни и добри коридори за трчање. На нашите рекордери им честитам за нивните значајни успеси во оваа најтешка трка, а на сите учесници им пожелувам добра трка и забава – додаде Шилегов.

Годинешниот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид 19. Според организаторите, пријавени се околу 7.000 натпреварувачи од 40 земји од светот, со особен фокус на домашните атлетичари.

Стартот на полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон ќе биде на 3 октомври (недела) во 8 часот, додека стартот на трката на 5.000 метри е во 8:10 часот од платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Натпреварувачите ќе трчаат од стартот, по улицата Бледски договор до булеварот Илинден, десно по булеварот до крстосницата со улицата Љубљанска и по неа право на Московска, па десно по улицата Војвода Васил Чакаларов, на крајот од улицата се врти полукружно назад, кога ќе се вратат кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се продолжува право по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Крушевска република, Трета македонска бригада, Фрањо Клуз, булеварот Јане Сандански до крајот (раскрсница со булевар Србија), пред семафорот со булевар Србија се врти полукружно назад (на истата коловозна лента) по булевар Јане Сандански, Фрањо Клуз, Трета  македонска бригада, Крушевска република, 11 Октомври, по Димитрие Чуповски до раскрсницата десно на булевар Свети Климент Охридски до булевар Илинден, лево кај Влада на Република Северна Македонија до целта, платото пред СЦ „Борис Трајковски“.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »